ДА ДЕЛУВАМЕ СПЛОТЕНО ВО ИНТЕРЕС НА УМЕТНОСТА, ВЕЛИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЏЕЗ МУЗИЧАРИ ОТКАКО КОЛЕГИТЕ ОД ФИЛХАРМОНИЈА КАЖАА ДЕКА НЕ САКААТ ДА ГО ДЕЛАТ ОБЈЕКТОТ СО НОВИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР

April 3, 2023
2 mins read

Наш заеднички интерес е да делуваме смирено и сплотено, најколегијално сите да придонесеме во формирањето на уште една културна установа која ќе промовира вистински вредности и висок квалитет, сепак се работи за две институции кои функционираат на исто поле – музика, уметност, култура, вели Здружението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ), за петицијата од Филхармонијата со која вработените одбиваат да го делат објектот со новоформираниот Оркестар за џез музика.

Реакцијата на ЗЏМ следи откако минатиот петок 108 вработени од Филхармонијата, меѓу кои и директорката Тина Иванова, потпишаа петиција со која реагираат на владината одлука за вдомување на новоформираната национална институција Оркестар за џез музика во објектот на Филхармонијата. Во петицијата потенцираа дека ја поздравуваат одлуката на Владата, не се против колегите, но сметаат дека решението оваа новоформирана институција да биде сместена во објектот на Филхармонијата е целосно несоодветно и ќе направи повеќе штета отколку полза. Тие сметаат дека не е возможно паралелно да работат две институции, односно два различни субјекти.

Владата на 21 март ја донесе одлуката, а според образложението од Министерството, Оркестарот за џез музика просторно ќе се смести во објектот на Филхармонијата, а по потреба ќе го користи и музичко-сценскиот простор на Националната опера и балет (НОБ).

Од ЗЏМ денес велат дека по владината одлука, добиле исклучително позитивни реакции од целокупната македонска јавност, но и честитки од колегите во регионот кои ја поздравуваат добиената шанса оваа дејност да биде официјализирана и институционализирана преку основањето на џез оркестарот. Токму затоа, биле особено изненадени и затекнати од изнесениот став од колегите од Филхармонија.

„Разбирлив е отпорот кон промени, но не можеме да ги оправдаме ниту прифатиме како основани изнесените ставови од страна на нашите колеги. Имено, би сакале да ги потсетиме нашите колеги за нашите заднички реализирани проекти и потврдената квалитетна соработка во текот на овие 7 години работење на ЗЏМ Биг бендот. Ова е период во кој Биг бендот успеа да реализира огромен број концерти во преполни сали за кои се бараше билет плус, на кои како гости учествуваа значајни имиња од земјава и регионот и чиј квалитет беше препознаен од целата македонска јавност, а дел од тие концерти беа реализирани во соработка токму со нашите колеги од Филхармонија. Драги ни се овие соработки со Филхармонија, голем дел од концертите и пробите за овие концерти се случуваа токму во просториите на Филхармонија, па можеби затоа природно произлегла идејата нашата институција да има свое седиште токму во овие простории. Да не го занемариме и фактот дека последниве дваесетина години се продуцираше исклучително квалитетен кадар од областа на џез музиката, таленти чиј квалитет и работа се неспорни, земајќи го во предвид школувањето на најдобрите европски и светски џез академии, како и џез академиите во Скопје и Штип. Покрај образованието, нивната работа е забележана и потврдена во земјава, но и надвор од неа; тоа е кадар чие место на професионално функционирање, но и обезбедување животна егзистенција, е токму во еден ваков оркестар. Да не дозволиме да го изгубиме овој кадар, туку заедно да придонесеме во создавањето нови приказни на квалитетна музичка соработка“, велат од ЗЏМ.

Затоа, апелираат да не се избрзува со предвремени реакции пред конечното утврдување на тоа како ќе функционира новата институција, и заеднички Министерството за култура, Филхармонијата и тие како претставници на Џез оркестарот, објективно да ја проценат целата ситуација, да се утврдат условите и да се дојде до решение кое ќе биде во најдобар интерес за двете институции.

Од Министерството за култура велат дека е донесена одлука за формирање на Оркестар за џез музика и во постапка е нејзиното правно формализирање. Начелно, објектот на Филхармонијата како најсродна институција до новоформираниот оркестар е предложен за користење до конечното формирање на установата.

„Очекуваме колегите од двата оркестра да покажат меѓусебно разбирање во оваа првична фаза за новата установа која со својата дејност веќе ја збогатува македонската музичка култура, до конечното решение за нејзините потреби во делот на непречено административно и концертно дејствување“, вели Министерството за култура.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицотакис оптимист за туристичката сезона во Грција

Следно

Децата од градинката „Буба Мара“ беа во посета на Општина Аеродром

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop