Д-р Пановски: Пациентите чии права се нарушени може да се обратат до Комисијата на Град Скопје за унапредување на правата на пациентите

February 17, 2023
1 min read

По двегодинишен прекин на работата поради корона кризата, од септември минатата година повторно почна со работата Комисијата за унапредување на правата на пациентите формирана од Град Скопје. Секој пациент кој смета дека му е прекршено одредено право, може да се обрати кај Комисијата, рече на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата, д-р Никола Пановски.

Секој граѓанин може да ја исконтактира Комисијата преку веб страницата на Град Скопје, каде има поставено линк со логото на Комисијата и на линкот има меил, формулар и телефонски број. 

Инаку, оваа Комисија е формирана во 2011 година и беше составена од девет члена. Надлежности на оваа Комисија, како што посочи д-р Пановски, се во делот на унапредување на правата на пациентите и нивна заштита, разгледување на поплаки, предлагање мерки за подобрување на заштита на правата на пациентите од надлежните органи, подготвување и издавање извештај за заштита на правата на пациентите што ќе биде на дневен ред на 23 февруари, но и издавање информации. Во моментов, Комисијата е составена од 11 члена.

Пановски напомена дека ќе имаат соработка со комисиите од општините, но како што потенцираше, половина од општините во државата уште немаат комисии. Тој додаде дека имаат амбициозна програма, а во блиска иднина планираат средба во Министерството за здравство.

Тој рече дека секој граѓанин може да се обрати до Комисијата, а разговараат и со здруженијата на пациентите за тие да им укажат на пациентите да се обратат и да поднесат претставки доколку им се нарушени правата.

– Незгодно е да ја одбиете поплаката на жител кој не е од Скопје, тука постои таа дилема, најверојатно би го упатиле до соодветната општина, но доколку на пример станува збор за студент од друга општина кој живее во Скопје, би го разгледале неговото барање. Што се однесува до претставки, те што ги имавме ги одговоривме, не беа директно, беа повеќе совети или прашања од пациентите каде да се обратат, рече д-р Пановски.

Претседателот на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, Душко Ѓорѓиев кој беше претседател на Комисијата од 2019 година, рече дека од самото формирање на Комисијата сите претставки биле разгледани и биле решени. Како што рече, ниту еден пациент не излегол незадоволен.

– Од самото формирање на Комисијата направивме промоција за да се доближиме до пациентите и да им се укаже на можноста на кој начин да се обратат. Се обративме до здруженијата да ги сублимираат своите проблеми, и решавајќи проблем кој ја тишти одредена целна група, практично решаваме проблеми на самите пациенти. Имавме доволно претставки во моите два мандати. Сите беа разгледани, се разговараше таму каде Комисија беше во дилема дали крешењето на право се однесува на одредена специјалност . Но, секаде каде ќе видиме дека има кршење на правото на пациентите ние ќе реагираме, додаде Ѓорѓиев.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Чувар вработен во британска амбасада шпионирал за Русија – доби 13 години затвор

Следно

Нов кружен тек во Ѓорче Петров 17.2.2023

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop