Циклонот „Фреди“ одзеде над 520 животи

March 19, 2023
1 min read

Бројот на жртвите од циклонот „Фреди“ што минатиот месец го погоди југоисточниот дел на Африка се зголеми на 522, јавува Анадолу.

Како последица на поплавите и на одроните предизвикани од циклонот, 438 лица ги загубија животите во Малави, 67 во Мозамбик и 17 во Мадагаскар.

Обединетите нации објавија дека катастрофата погодила околу 500.000 луѓе и дека само во Малави се раселени 345.000 луѓе.

Луѓето што ги изгубиле своите домови се обидуваат да се засолнат во импровизирани кампови, а во некои региони не може да се обезбеди пристап поради оштетените патишта.

Во меѓувреме продолжуваат работите за пребарување и спасување на исчезнатите лица и оние што останаа под вода.

Светската метеоролошка организација изјави дека „Фреди“, кој трае повеќе од еден месец, можеби е најдолготрајниот циклон во историјата.

Претседателот на Малави, Лазарус Чаквера, прогласи 14-дневна жалост за луѓето што ги загубија животите од циклонот „Фреди“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Се стравува од најлошото сценариo: Четворица пријатели паднале во Дунав, само еден се спасил-некои работи се мистерија

Следно

Хебстрајт: Германија го честита чекорот напред за поставување на односите меѓу Белград и Приштина на нова основа

Latest from Blog

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот

Проданоски: Прилеп е целосно подготвен за превенција и брза реакција при пожари на отворено

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за
Go toTop