Четиригодишно девојче спасено од урнатините по 132 часа

February 11, 2023
1 min read

ГАЗИАНТЕП (АА) – Четиригодишно девојче спасено е од урнатините на турскиот град Газиантеп, дури 132 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните области на Туркије, известува Анадолу.

Спасувачките екипи во трка со времето ја продолжуваат претрагата и спасувањето во регионите погодени од земјотресите.

Припадниците на спасувачките тимови во местото Ислахије слушнале гласови од урнатините и по акцијата во која вложија големи напори, успеаја да го спасат четиригодишното девојче Шенѓул, кое се здобило со повреди во земјотресот.

Акцијата за спасување траела околу 12 часа.

Во земјотресите на југот од Туркије загинаа 21.043, а спасени се 80.097 повредени, соопшти денес претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат во акциите за претрага и спасување на луѓето заробени под урнатините на зградите.

Во земјотресите што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија најмалку 3.300 лица, а над 5.000 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

За в понедeлник закажана собраниската седница за реконструкција на Владата

Следно

АПСЕЊА ВО ТУРЦИЈА: Приведени 12 лица поради уривање на зградите, меѓу нив има изведувачи

Latest from Blog

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде

Сиљановска-Давкова и Бегај во Охрид: Двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и
Go toTop