Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Сава

January 27, 2025
1 min read

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати честитка до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава.

Упатувајќи срдечни честитки за празникот Свети Сава ‒ Националниот ден на Србите во Македонија, се вели во честитката, најискрено посакувам големиот празник да го поминете во хармонија и во радост, исполнети со љубов и среќа.

Сиљановска-Давкова подвлекува дека Свети Сава несомнено е еднa од наjзначајните личности во српската национална, образовна, културна и духовна историја. Првиот српски архиепископ остави дело кое ги надминува националните граници и како такво е почитувано од сиот православен словенски свет.

– Празникот посветен на Свети Сава е убава можност да го афирмираме значењето на културата и просветителството, и повод да ја зајакнеме и продлабочиме соработката и комуникацијата како меѓу себе така и со нашите соседи. Токму српската заедница во Македонија, како и македонската во Србија, се дополнителен мотив за градење и за негување блиски и пријателски односи меѓу двете држави, вели во честитката претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најстудено утрово во Берово, во Гевгелија најтопло со дури 9 степени

Следно

Палестинците почнаа да се враќаат во северна Газа како дел од договорот за прекин на огнот

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop