Челникот на руската Дума: САД ги принудуваат европските држави да ја финансираат Украина

March 5, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) ги принудуваат европските држави да ја финансираат Украина против благосостојбата на сопствените граѓани, истакна утрово претседателот на руската Државна дума, Вјечеслав Володин, пренесува Анадолу.

„САД ги принудуваат државите во Европа да го финансираат режимот во Киев по цена на благосостојбата на нивните граѓани. Но, како што излезе, тие сносат многу помалку трошоци од другите“, рече Володин преку Телеграм.

Toj рече дека во однос на трошоците, САД користат 0,37 отсто од својот БДП, што, според него, е 5,7 пати помалку од она што Полска го дава.

Тој понатаму нагласи дека Естонија, Латвија, Чешката Република, Литванија, Словачка, Бугарија, Малта, Норвешка, Романија и Администрацијата на кипарските Грци го принудуваат Вашингтон да троши повеќе за Украина.

„Покрај тоа, земјите од Европската Унија сносат дополнителни трошоци поради антируските санкции, што ги погодија нивните економии како бумеранг“, рече Володин.

Тој посочи дека со продолжувањето на доставувањето оружје на Киев, лидерите на ЕУ дејствуваат спротивно на нивните национални интереси, и на сметка на своите граѓани.

„Вашингтон уште еднаш покажа дека главниот принцип на неговата политика е да користи други земји за да ги постигне своите интереси“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Четири деца се задушија во пожар во Нови Пазар (ВИДЕО)

Следно

Вучиќ уверува дека Србија не продавала оружје на Украина

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop