Челик: Масакрите за време на војната во Босна немаше да се случат ако тогаш беше денешна Туркије

May 13, 2023
1 min read

АДАНА (АА) – Заменик-претседателот и портпарол на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија), Омер Челик, рече дека масакрите и трагичните настани за време на агресијата врз Босна и Херцеговина немаше да се случат доколку во тоа време беше денешна Туркије и на нејзино чело да беше актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Челик престојуваше во јужниот турски град Адана, каде што се состана со претставници на Здружението Босна-Адана. Челик на средбата со претставниците на ова здружение пристигна со турскиот автомобил ТОГГ.

Челик во разговор со членовите на здружението се потсети на моментите кога го придружувал турскиот претседател Ердоган на враќање од посетата на една странска земја, кога добиле информација дека е хоспитализиран првиот претседател на РБиХ, Алија Изетбеговиќ, поради што решиле да слетаат во Сараево.

„Итно слетавме во Сараево. Бев со нашиот претседател кога отидовме во болницата. Тогаш претседателот разговараше со Алија (Изетбеговиќ, заб.ав.) и му рече: ‘Сакаме да ве пренесеме на лекување во Туркије’, на што Алија рече: ‘Не сакам да заминам одовде’“, раскажа Челик.

Додаде дека Ердоган инсистирал повеќепати, велејќи му на Изетбеговиќ дека ќе го врати во Босна по лекувањето, на што тој одговарал: „Сакам да умрам во својата земја, не сакам да го напуштам ова место.“

Челик рече дека тогаш Алија Изетбеговиќ ја оставил во аманет грижата за наследството на султанот Фатих на Балканот.

„Оттогаш нашиот претседател го носи тој аманет на своите плеќи. Оттогаш тие (Босна, заб.ав.) не се никогаш оставени сами“, рече Челик.

Наведувајќи дека во неколку наврати бил во Босна и Херцеговина, Челик направи паралела меѓу Босна и Азербејџан. Тој рече дека за време на неговиот престој во Босна видел бункери изградени од српските снајперисти за убивање Бошњаци, а исти такви бункери, како што рече, изградиле и Ерменците за време на војната во Карабах.

„Тогаш почнав да размислувам: ‘Да постоеше денешна Туркије во времето на војната во Босна, да беше Реџеп Таип Ердоган на чело на Туркије, немаше да се случи ниту еден од тие масакри“, порача Челик, додавајќи:

„Моќта на Туркије значи зачувување и заштита на исламот на Балканот. Она што е најпотребно денес е мир. Волјата на нашиот претседател да го зачува мирот е толку силна и толку прифатена што дури и тамошните српски челници даваат изјава во која велат дека ‘Ердоган треба да биде избран’ бидејќи никој повеќе не сака војна.“

Челик На Крајот Истакна Дека Балканот Е Секогаш Во Фокусот На Претседателот Ердоган .



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Руски медиуми: Украина изврши напад врз Луганск со британските ракети „Сторм шедоу“

Следно

„Важна посета“: Зеленски во Рим се состана со италијанскиот претседател и премиерката Мелони

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop