„Важна посета“: Зеленски во Рим се состана со италијанскиот претседател и премиерката Мелони

May 13, 2023
1 min read

РИМ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес допатува во посета на Италија и во Рим се сретна со претседателот и премиерката на Италија, јавува Анадолу.

„Важна посета за приближувањето на победата на Украина!“, напиша тој на Твитер при пристигнувањето во главниот град на Италија.

Според информациите добиени од извори од италијанското Претседателство, и италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерката Џорџа Мелони ја потврдиле целосната поддршка на Италија за Украина за време на нивната средба со Зеленски во Рим.

Ова е прва посета на Зеленски на италијанската престолнина од почетокот на војната на Русија против Украина на 24 февруари 2022 година.

Тој најпрво оствари средба со Матарела во палатата Квиринал, каде што разговараа за ефективноста на економските санкции против Русија, за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје, борбата против лажните вести во Европа, бомбардирањата на цивилни објекти, киднапирањето на украинските деца, обновата на Украина и нејзините перспективи за интеграција во ЕУ.

Украинскиот претседател подоцна се сретна и со премиерката Мелони во палатата Чиги, каде што Мелони ја потврди сеопфатната поддршка на Италија за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.

Зеленски ќе го посети и Ватикан и ќе се сретне со папата Франциск.

Во Рим на сила се строги безбедносни мерки со распоредени 1.000 полицајци и затворање на воздушниот простор.

Голем број Украинци се собраа на плоштадот Барберини за да ја покажат својата поддршка за Зеленски.

По завршувањето на посетата на Италија, Зеленски се очекува да отпатува во главниот град на Германија, Берлин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челик: Масакрите за време на војната во Босна немаше да се случат ако тогаш беше денешна Туркије

Следно

Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да започне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека

Latest from Blog

Возиња конечно промовиран во Коло Коло

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој

ТЕЖОК УДАР: Путин потпиша закон насочен кон Руси во егзил осудени во отсуство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат широки финансиски, имотни и конзуларни ограничувања за Русите што живеат во странство, а се осудени во отсуство. Ова важи и за законот

Николоски: Над 409.000 патници на скопскиот аеродром во јули – нов историски рекорд

Македонските аеродроми бележат рекордни резултати во авио-сообраќајот, а политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат видливи ефекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето
Go toTop