Граничниот премин Евзони затворен за сообраќај

December 13, 2025
1 min read

Од 17:00 часот поради протестот на грчките земјоделците ГП Евзони е блокиран за влез во Република Грција за сите видови сообраќај. За излез од Грција ќе има пропуштање само на товарниот сообраќај, додека за патнички моторни возила ќе биде затворен за сообраќај, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија.

АМСМ информира и дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хофенхајм се проби во ТОП 4, Ајнтрахт едвај со Аугзбург

Следно

Шокантно: На ​​Аргентина ѝ се заканува исфрлање од Светското првенство!

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Благодарност до Лосон за неговиот придонес во економската соработка

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Димитриеска-Кочоска му се заблагодари на амбасадорот за
Go toTop