Чавушоглу гласаше на изборите во Туркије

1 min read

АНТАЛИЈА (АА) – Избирачките места низ Туркије беа отворени утринава во 8 часот по локално време (7 часот по средноевропско време), со што започна гласањето за вториот круг од претседателските избори во оваа земја, јавува Анадолу.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу гласаше во училиште во Анталија придружуван од неговата сопруга Хулје Чавушоглу.

Шефот на турската дипломатија по гласањето за новинарите изјави дека гласачите пред две недели одлучиле да се одржи вториот круг од изборите за претседател на државата.

„Изборите тогаш се одржаа во светлината на демократската зрелост и со тоа му одржавме лекција на целиот свет. Турскиот народ ја сака демократијата и тоа беше вистински празник на демократијата. Се надеваме дека и овој втор круг ќе биде вистински празник на демократијата“, рече Чавушоглу.

Тој изрази благодарност и до турските гласачи што гласаа во странство.

„Ова и за нив е празник на демократијата. Можеме да бидеме на различни страни, можеме да имаме различни ставови, но на крајот сите мораме да ја заштитиме демократијата. Се надевам дека изборите ќе бидат корисни за нашата земја и нашиот народ“, изјави Чавушоглу.

Повеќе од 64 милиони граѓани на Туркије со право на глас во вториот круг избираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидатот на Народна алијанса, и кандидатот на опозициската Национална алијанса, Кемал Киличдароглу. Во вториот круг од изборите право на глас ќе имаат дополнителни 47.523 гласачи, кои во меѓувреме навршиле 18 години.

Во првиот круг од изборите, одржани на 14 мај, Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, а лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу собра 44,89 отсто од гласовите. Народна алијанса на Ердоган, предводена од владејачката Партија за правда и развој (АК Партија), освои мнозинство во државниот Парламент во првиот круг.

Гласањето на избирачките места надвор од земјата и на граничните премини во вториот круг започна на 20 мај. Гласањето во дипломатските претставништва на Република Туркије во странство, во вкупно 73 земји, заврши во среда. Гласањето на граничните премини продолжува до затворањето на редовните избирачки места, денес до 17 часот.

Според податоците на Врховната изборна комисија на Туркије, во вториот круг од изборите повеќе од 1,92 милиони луѓе гласале во турските странски мисии и на граничните премини до 16 часот по локално време во сабота.

Според соопштението на Врховната изборна комисија на Туркије, првите прелиминарни и неофицијални резултати од вториот круг на претседателските избори ќе бидат објавени истиот ден, по затворањето на избирачките места.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

ШТИПСКИОТ МУЗЕЈ ЌЕ ГО УРЕДУВА ЛОКАЛИТЕТОТ „КАЛЕ“ КАДЕ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН КАМЕН СО ГЛАГОЛИЧНИ БУКВИ

Следно

ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА „АНАТОМИЈА НА ПАДОТ“ НА ФРАНЦУСКАТА РЕЖИСЕРКА ЖУСТИН ТРИЕТ

Latest from Blog

Во Темза ќе се бања

Припитомувањето на Темза не би било првото пливање на Кан спротивно од струјата. Како син на