Бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов им се врати на дипломатските должности во Северна Македонија

January 30, 2023
1 min read

Бугарското МНР минатата недела го повика Ангелов на консултации во Софија поради, како што информираа оттаму, сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во Северна Македонија во полн капацитет. Вакво известување денеска пристигнало во македонското Министерство за надворешни работи, дознава „360 степени“.

Амбасадорот Ангелов денеска во Скопје пристигна со бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој се сретна со македонскиот колега Оливер Спасовски, и практично останува во земјава.

Бугарското МНР минатата недела го повика Ангелов на консултации во Софија поради, како што информираа оттаму, сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци, а по последнниот инцидент во кој беше нападнат секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.

„Целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи“,

информираа од бугарското МНР.

Одлуката да биде повикан во Софија Ангелов ја оцени како дипломатска пракса која е показател дека има сериозни проблеми во односите меѓу двете држави.

„Моето враќање во РСМ ќе биде оценка од надлежните институции во Бугарија. Мора да се врати довербата што беше изгубена“,

рече Ангелов во изјава за БНТ.

Македонското Министерство за надворешни работи изрази жалење за потегот на Софија да го повика на консултации својот амбасадор во земјава Ангел Ангелов оценувајќи го ваквиот чекор како „неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален“.

Инаку бугарскиот вицепремиер за јавен ред и мир и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев денеска во Скопје со колегата Оливер Спасовски разговараа за одбележувањето на 4 февруари – 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Двајцата министри биле согласни дека в сабота, на одбележувањето 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ќе бидат преземени сите мерки за настанот да помине без инциденти. На состанокот Демерџиев го уверувал Спасовски дека од луѓето што ќе дојдат на чествувањето не очекува некакви провокации и дека нема дојде до несакани настани.

„На оваа средба разговаравме во однос на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев кој ќе биде за неколку дена. Ова е во услови на малку зголемени тензии, различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент, македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент, односно ќе се обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев“,

изјави министерот Спасовски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вардар конечно почна со подготовки за пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ

Следно

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop