Бруталната глупоштина на војната во Авганистан

August 17, 2023
1 min read

Брзото ничкосување на Кабул ја разоткри не само бруталната глупост на окупацијата на Авганистан предводена од САД, туку ги урна и заблудите на квази- либералните интервенционисти кои 20 години ја буткааа нивната приказна.

„Сите оние изгубени животи (околу 240.000), сите оние потрошени пари (над 1 трилион долари), сето тоа за џабе. На 15 август 2021 година, Авганистан стана истата држава каква што ја најдоа западните сили кога извршија инвазија во октомври 2001 година – осиромашеното општество со кое владеат варварски теократи“, пишува Тим Блек.

На почетокот на инвазијата, идејата дека американските и британските сили ќе бидат таму следните 20 години се чинеше незамислива. Првичните цели на инвазијата – а.к.а. Операција Трајна слобода – беа ограничени на уништување на Ал Каеда и стопирање на користењето на Авганистан како терористичка база на операции.

Проблемот беше што за неколку месеци тие цели се променија и се проширија. Откако брзо ја соборија талибанската влада, САД и нивните сојузници се најдоа повикани и да ја заменат.

И така, инвазијата се претвори во окупација, а Западот заглави во мочуриштето наречено „градење нација“. Да се создаде нов Авганистан, ѓоа западна држава.

Во тоа време, немаше недостиг од луѓе во западните влади и пошироката НВО-кратија подготвени да го продаваат сонот за градење нација. Не само затоа што на маса беа милијарди долари. Тие војната во Авганистан ја китеа со некаква морална цел: од подобрување на состојбата на авганистанските жени до визии за демократизација на долго репресираната земја.

Првиот нацрт на развојната стратегија за Авганистан, напишан од западни консултанти во 2002 година, ги опиша Авганистанците како посветени на „одговорна, широка, мултиетничка, репрезентативна влада“ заснована на „почитување на човековите права“.

Ништо од тоа немаше врска со реалноста. Авганистан останува заостанато племенско општество, претежно аграрно и главно неписмено.

Војниците сведочеа дека во 2001-ва среќавале Авганистанци кои воопшто не знаеле дека Советскиот Сојуз ја има окупирано нивната земја меѓу 1979 и 1989 година.

Но, тоа не им беше важно на западните „градители на нации“. Милијарди и милијарди долари се дадоа во изградба на Потемкинова држава. Западната помош, преку невладините организации, заврши во рацете на прескапи изведувачи или корумпирани авганистански службеници.

Се градеа „бизнис паркови“ без да постојат бизниси кои ќе ги пополнат, се градеа нови училишта непосредно до нови училишта, без никаква смисла  Државата што Западот ја градеше немаше корени во авганистанското општество. Немаше поддршка, немаше вистински легитимитет.

„Авганистанците заслужуваат повеќе од Талибанците. Тие заслужуваат слобода и демократија, а не маки и репресија. Но, како што покажа западната окупација, тоа не се идеали што можат да ги испорачаат тенкови и невладини организации. Тие идеали треба да бидат посакувани и за нив да се борат самите луѓе. Тоа е единствениот начин навистина да се изгради нација“, потсетува Блек.

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДУИ: Пратениците да гласаат за европска иднина на нашата земја

Следно

По посетата на Курти: Дали Мицкоски и натаму ја преферира албанската опозиција за коалициски партнер?

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop