Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа достигна 20.424

December 24, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 166 Палестинци загинаа во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 24 часа, со што вкупниот биланс на загинати во нападите од 7 октомври досега достигна 20.424, главно жени и деца, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се додава дека уште 384 Палестинци се повредени, со што бројот на повредени се искачи на 54.036 лица.

Израелските напади врз Појасот Газа започнаа по нападот на палестинската група Хамас во Израел на 7 октомври. Нападите на Израел ја оставија Газа во урнатини со половина од станбениот фонд оштетен или уништен, со речиси 2 милиони луѓе раселени во густо населената енклава, каде постои голем недостиг на храна и чиста вода.

Се смета дека околу 1.200 Израелци се загинати во нападот на Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стоилковски: Полициските Тигри вадат пиштоли по кафеани – каква полиција, таква држава

Следно

Четири лица загинаа, девет се повредени во руски напади во повеќе региони во Украина

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop