Бројот на загинати Палестинци во израелските напади во Газа се зголеми на 26.751

January 30, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на загинати Палестинци во смртоносните израелски напади врз Појасот Газа од 7 октомври се искачи на 26.751, соопшти Министерството за здравство во енклавата, пренесува Анадолу.

Министерството за здравство со седиште во Газа ја даде изјавата додека израелскиот напад врз Газа влегува во својот 116-ти ден.

Исто така, се вели дека 65.636 лица се повредени во израелските напади од 7 октомври.

Во соопштението се истакнува дека израелската Армија во изминатите 24 часа извршила 13 масакри низ Појасот Газа во кои загинале 114 лица, а 249 лица биле повредени.

„Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, а израелската Армија ги спречува спасувачите да стигнат до нив“, се додава во соопштението.

Израел го нападна Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас во октомври.

Околу 85 отсто од жителите на Газа се раселени поради израелскиот напад, додека сите имаат недостаток од храна, според ОН.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Големо количество воена опрема најде полицијата во дом во Грција

Следно

ЕУ свика вонреден самит за Украина

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop