Бројките покажуваат дека расте проблемот околу Шенген-визите за турските државјани

June 8, 2023
7 mins read

АНКАРА (АА)

– МУСТАФА ДЕВЕЏИ / ЃОКХАН ЧЕЛИКЕР

Стапката на одбивање на апликациите за Шенген-визи поднесени од Туркије продолжува со нагорен тренд во споредба со периодот пред пандемијата на Ковид-19, додека стапките на одбивање на апликациите од Туркије од некои европски земји во 2022 година двојно се зголеми во споредба со 2019 година, јавува Анадолу.

Естонија, Финска и Белгија, меѓу земјите кои применуваат Шенген-визи, се наоѓаат во првите редови во стапките на одбивање на апликациите за виза од Туркије во 2022 година.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање на 30 мај го опиша како „политичка уцена“ проблемот со визите со некои западни земји што се случува за време на апликациите реализирани од Туркије, и рече дека ќе го решат овој проблем.

Претседателот на Сојузот на туристички агенции на Туркије (ТУРСАБ), Фируз Б. Багликаја, претходно за АА изјави дека стапката на одбивање на апликациите за Шенген-визи реализирани од Туркије во 2022 година изнесувала 15 отсто, додека оваа стапка во 2023 година се зголемила на околу 50 отсто.

– Стапката на одбивање на апликациите од Русија, која е цел на санкции, е помала од Туркије

Новинарот на АА дојде до стапките на апликациите за Шенген-визи од Туркије и стапката на одбивање на овие апликации.

Според информациите објавени на интернет-страницата „Schengenvisainfo“, 15 отсто од 778.000 апликации за Шенген-визи реализирани во 2022 година преку мисиите во Туркије, биле одбиени.

Привлече внимание тоа што стапката на одбивање на апликациите реализирани во истиот период од Русија, која стана цел на санкции на Западот како резултат на војната во Украина, е помала од стапката на одбивања на апликациите реализирани од Туркије. Оваа стапка во Русија изнесува 10 отсто.

Се поставуваат повеќе прашања поради фактот што стапката на одбивање на апликациите за Шенген-визи од Туркије е поголема од таа на Русија, која е цел на санкции.

– И покрај тоа што заврши пандемијата, ситуацијата не е нормализирана

Во 2019 година биле реализирани 906.000 апликации за Шенген-визи од Туркије, од кои 9,7 отсто биле одбиени. Оваа стапка минатата година изнесуваше 15 отсто, а привлекува внимание што сериозно е зголемена оваа стапка во споредба со 2019 година.

Земји со највисоки стапки на одбивање на апликациите за Шенген-виза се Естонија, Финска и Белгија.

– Стапките на добивање од страна на Естонија се зголемија тројно минатата година во споредба со 2019 година

Во 2022 година, беа поднесени 1.517 апликации за Шенген-виза од Туркије до Амбасадата на Естонија во Анкара. Одбиени се 52,1 отсто од овие барања, односно на 786 лица не им биле дадени визи. Тоа открива дека Естонија не издала виза на еден од двајца апликанти.

Вреди да се одбележи дека одлуките за одбивање на естонската Амбасада во Анкара во 2022 година се тројно зголемени во споредба со 2019 година. Стапката на одбивање на апликациите за виза поднесени до естонската Амбасада во Анкара во 2019 година изнесува 16,95 отсто.

Амбасадата на Естонија во Анкара ги остави без одговор прашањата околу бројот на апликации за визи и стапките на одбивање оваа година.

– Финска не одобрила виза на 4 од 10 апликации

Меѓу земјите членки на ЕУ, Финска има втора највисока стапка на одбивање на апликациите за Шенген-визи реализирани од Туркије во 2022 година.

Во 2022 година до финската Амбасада во Анкара беа поднесени 4.073 апликации. Од нив, 1.558 не добиле визи, а стапката на одбивање е 40,6 отсто.

Впечатливо е значителното зголемување на одлуките за одбивање од финската Амбасада во Анкара минатата година, во однос на 2019 година. Финската Амбасада во Анкара одби 23,20 отсто од 3.676 апликации поднесени во 2019 година.

Финската Амбасада во Анкара не даде информации за бројот на апликации и стапките на одбивање оваа година, со образложение дека не можат да споделуваат информации за визи со други извори.

– Белгија не одобрила виза на една од три апликации

Друга земја членка на ЕУ каде стапките на одбивање на апликациите за Шенген-визи се доста високи е Белгија. Генералниот конзулат на Белгија во Истанбул не одобри визи на 2.566 од 7.211 апликации поднесени во 2022 година, а стапката на одбивање на барањата изнесува 37,7 отсто, што значи дека Белгија одбила повеќе од една од три апликации.

Иако не толку колку Естонија и Финска, Белгија исто така забележа зголемување на стапката на одбивањето визи минатата година во споредба со 2019 година. Стапката на одбивање на апликациите од страна на белгискиот Генерален конзулат во Истанбул во 2019 година беше 33 отсто.

Белгиската Амбасада во Анкара не сподели информации за барањата за виза од 2023 година и стапките на одбивање.

– Шведска

Минатата година во дипломатското претставништво на Шведска во Туркије биле поднесени 13.553 барања, од кои 22,7 отсто биле одбиени.

Стапката на одбивање на апликациите за виза од Туркије во оваа земја беше 20 отсто во 2019 година. Шведскиот Конзулат во Истанбул ги остави без одговор прашањата за овогодинешните бројки за аплицирање и стапките на одбивање визи.

Други земји со високи стапки на одбивање на барањата за Шенген-виза од Туркије се Данска и Норвешка.

– Стапката на одбивање од страна на Данска се зголеми речиси тројно во споредба со 2019 година

Данска, со 34 отсто во 2022 година, по Белгија стана четвртата земја која најмногу ги одбивала барањата за визи од Туркије.

Минатата година од Туркије до данските претставништва биле поднесени 5.407 барања од кои 1.822 биле одбиени.

Во 2019 година до претставништвата на Данска во Туркије биле поднесени 7.511 барања, а 13 отсто од нив биле одбиени.

Овие податоци покажуваат дека стапката на одбивање на барањата за виза од Туркије од страна на данските претставништва во 2022 година е речиси тројно зголемена во споредба со 2019 година.

Данската Амбасада во Анкара ги остави без одговор прашањата за барањата за виза од 2023 година и стапките на одбивање.

– Стапката на одбивање од страна на Норвешка е намалена во споредба со 2019 година

Норвешка е меѓу земјите со висока стапка на одбивање на барањата за виза од Туркије. Норвешка одбила 1.482 од 4.648 барања од Туркије во 2022 година, а стапката на одбивање била 31,9 отсто.

Од друга страна, впечатлив е падот на стапките на одбивање на апликациите за визи од страна на Норвешка во 2022 година во однос на 2019 година. Норвешка одбила 1.537 од 3.442 барања од Туркије во 2019 година, а стапката на одбивање е евидентирана како 38 отсто.

– 75 отсто од барањата за Шенген се направени во 4 земји

Земји со најголем број барања за визи од Туркије меѓу земјите членки на ЕУ минатата година беа Германија, Грција, Франција и Италија.

Повеќе од 591.000 од 778.000 барања од Туркије за Шенген-виза за ЕУ ​​минатата година пристигнале во дипломатските претставништва на овие четири земји.

Германија со 21 отсто има највисока стапка на одбивање меѓу земјите со најголем број апликации. По неа следува Франција со 13,4 отсто. Меѓу земјите со најголем број барања, со 7 отсто Италија извршила најмалку одбивања во оваа насока.

– Стапките на одбивање од страна на Германија се значително зголемени во споредба со 2019 година

Во 2022 година, 223.699 лица од Туркије поднеле барање до германските дипломатски претставништва во Анкара, Истанбул и Измир за Шенген-визи. Повеќе од 48.000 од овие барања беа одбиени. Стапката на одбивање на барањата од Туркије во Германија надмина 21 отсто во 2022 година.

Стапката на одбивање на барањата за Шенген-виза од Туркије од страна на германските дипломатски претставништва е речиси двојно зголемена во споредба со 2019 година.

Во 2019 година до германските дипломатски претставништва биле поднесени повеќе од 253.000 барања, а бројот на одбиени е евидентиран како 30.823. Стапката на одбивање од страна на Германија изнесуваше 12,1 отсто.

Во информацијата споделена од страна на германската Амбасада во Анкара се наведува дека во периодот јануари-мај 2023 година од дипломатските претставништва за турските државјани биле издадени приближно 100.000 Шенген-визи.

Истакнувајќи дека во истиот период лани се издадени 60.000 Шенген-визи, а зголемувањето годинава е над 50 отсто во однос на лани, германската Амбасада не сподели информација за бројот на барањата и покрај постојаните прашања.

Поради оваа причина, јавноста не може да биде информирана за стапките на одбивање и прифаќање на барањата за виза поднесени до дипломатските претставништва на Германија во Туркије во 2023 година.

– Грција

По Германија, Грција стана земја членка на ЕУ со најмногу барања за Шенген-виза во 2022 година.

Минатата година во дипломатските претставништва на Грција во Анкара, Едрене, Истанбул и Измир биле поднесени 164.829 апликации. Од нив, 15.913 биле одбиени. Стапката на одбивање на барањата за Шенген-виза од Туркије лани беше 9,65 отсто.

Стапката на одбивање на барањата за виза во земјата минатата година е зголемена во споредба со 2019 година.

Грција одбила 6.359 од 148.551 поднесено барање во 2019 година, со стапка на одбивање од 4,2 отсто.

Грчката Амбасада во Анкара, исто така, ги остави без одговор прашањата за барањата за виза од 2023 година и за стапките на одбивање.

– Франција

Франција стана трета земја со најголем број барања за Шенген-визи меѓу земјите од ЕУ, по Германија и Грција, со 115.114. Франција минатата година одбила во просек 13,4 отсто од барањата од Туркије.

Во 2019 година, од Туркије до дипломатските претставништва на Франција биле поднесени 143.478 барања, а 6,3 отсто од нив биле одбиени.

Овие податоци откриваат дека минатата година стапката на одбивање визи во дипломатските претставништва на Франција во Туркије двојно се зголемила во споредба со 2019 година.

Француската Амбасада во Анкара исто така ги остави неодговорени прашањата за аплицирањето за виза и стапките на одбивање во првите 5 месеци од оваа година.

– Италија, една од земјите со најниска стапка на одбивање

Во 2022 година до дипломатските претставништва на Италија во Туркије се поднесени 87.648 барања за Шенген-виза. Од нив, 6.259 биле одбиени. Со 7 отсто, Италија е земја со најмалку одбиени барања за виза направени од Туркије меѓу земјите од Шенген-зоната.

Други земји со голем број барања за Шенген-визи од Туркије се Холандија, Шпанија и Унгарија.

– Холандија годинава има сериозно намалување на стапките на одбивање во однос на лани

Минатата година во дипломатските претставништва на Холандија биле поднесени 48.807 апликации. Од нив, 9.714 се одбиени, а стапката на одбивање е 19,90 отсто.

На 15,6 отсто од барањата поднесени од Туркије во 2019 година не им биле одобрени визи од дипломатските претставништва на Холандија.

Во соопштението на Амбасадата на Холандија во Анкара се наведува дека во првите 5 месеци од годинава во Туркије биле поднесени 30.114 барања за виза, а стапката на одбивање е 12 отсто. Беше забележано дека повеќето од овие одлуки за одбивање се донесени поради недостиг на документи.

– Шпанија

Во 2022 година од Туркије до дипломатските претставништва на Шпанија биле поднесени 27.664 барања за виза. Од нив, 2.837 биле одбиени, а Шпанија е една од земјите кои најмалку одбиваат, со стапка на отфрлање од 10 отсто.

Шпанските претставништва во Туркије не издале визи на 4,3 отсто од барањата поднесени во 2019 година.

Во соопштението на шпанската Амбасада во Анкара се наведува дека во првите пет месеци од 2023 година во Туркије биле одобрени повеќе од 16.000 барања за визи. Во истиот период, забележано е дека речиси 10 отсто од барањата за визи биле одбиени.

Одбиени се 4 отсто од барањата за визи поднесени од Туркије до дипломатските претставништва на Шпанија во 2019 година.

– Унгарија

Од Туркије до дипломатските претставништва на Унгарија во 2022 година биле поднесени 19.531 апликација и од нив биле одбиени 2.366.

Стапката на одбивање од страна на Унгарија минатата година беше 12 отсто. Оваа стапка во 2019 година изнесуваше 11 отсто.

Стапките на одбивање од страна на другите земји од Шенген-зоната во 2022 година се следни:

Латвија (33 отсто), Литванија (24 отсто), Австрија (20 отсто), Чешка (18 отсто), Малта (15 отсто), Швајцарија (15 отсто), Словенија (15 отсто), Португалија (11 отсто), Полска (10 отсто), Словачка (9 отсто) и Луксембург (7 отсто).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Мицкоски повтори: Влада без ДУИ и уставни измени со „одложено дејство“

Следно

Шведската компанија „Автолив“ планира да отпушти 8.000 работници

Latest from Blog

Славески до приватните превозници: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели „градоначалничката Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз. Имено, по оној

Гаши: Ќе се обидеме да ја смениме формулацијата 20 проценти за албанскиот јазик

Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека „ќе се обидат да ја променат формулацијата  „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“ и истакнува дека тоа е прашање на

Новиот Управен одбор на АЕК ќе ја стопира одлуката за покачување на платите за 20 проценти, најави Мицкоски

Новото раководство, односно новиот Управен одбор на Агенцијата за електронски комуникации ќе ја стопира одлуката за покачување на расходите за бруто плати за 20 проценти во АЕК, истакна премиерот Христијан Мицкоски во

Јонуз за КУРИР: СДСМ со ваква постава не може ни на мали голчиња да го тепа ВМРО-ДПМНЕ, а камоли на избори

Со ваква постава СДСМ не може да го тепа ВМРО-ДПМНЕ на мали голчиња во фудбал, а камоли на избори. Вака аналитичарот Агим Јонуз за КУРИР го кометира новоизбраното раководство на опозициската СДСМ.

Над 1.300 камери ќе бидат поставени на улиците во Атина за да „ловат“ сообраќајни прекршоци

Преку безбедносни камери поставени на улиците во областа Атика, поширокиот регион на Атина, ќе се следат и ќе се „ловат“ сообраќајните прекршоци во грчката метропола, а планирано е воведување и на дигитален
Go toTop