Screenshot

Божиновска за Faktor.mk: Македонија започнува најголем енергетски инвестициски циклус

February 15, 2026
1 min read

Пишува: Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини

Планот за изградба на енергетски објекти за 2026 година драстично ќе ја смени сликата на енергетиката во Македонија. Тој предвидува изградба на 67 нови енергетски објекти со вкупна инсталирана моќност од 4.416,8 MW и проценета инвестициска вредност од околу 5,7 милијарди евра. Сето ова се големи броеви, но поважно е што тие не  се претставени како политички трофеј, туку како наше гледање како треба да се развиваме во следните години. Ние ги поставивме критериумите кои инвеститорите ги исполнија и од нив очекуваме оваа најава да се претвори во реални приклучоци, реални градилишта и реални киловат-часови. За неколку години суштината нема да е „колку проекти имаме“, туку колку проекти ќе завршат навреме и ќе работат стабилно.

Станува збор за филтриран процес во кој влегоа само најсериозните. Од пристигнатите 284 барања, низ строги проверки на техно-економските анализи, геодетските елаборати и бонитетот на компаниите, го дефиниравме патот за 67 нови објекти со моќност од 4.416,8 MW. Секој мегават е прецизно планиран во координација со МЕПСО и Електродистрибуција. Направени се пресметки за мрежна сигурност (N-1 критериум) за да се гарантира стабилноста на системот. Македонија повеќе нема да дозволи неконтролирано приклучување кое го загрозува системот. Градиме плански и безбедно.

 

Транспарентноста е нашиот врвен приоритет. Принципот „прв дојден – прв услужен“ беше применет само врз основа на комплетна и уредна документација. Нема и нема да има привилегирани. Добивањето место во Планот не е ‘резервација’ на мрежен капацитет, туку условен влез во постапка зашто Планот дава ред и приоритет, а приклучувањето и реализацијата се потврдуваат само ако инвеститорот ги исполни роковите и обврските за документација и инфраструктура. Односно, откако ќе се изработат варијантите за приклучување, Министерството го известува заинтересираниот инвеститор да изработи идејни проекти за линиската инфраструктура во рок од 45 дена од денот на известувањето. Доколку инвеститорот не ја изработи и не ја достави оваа документација во предвидениот рок, Министерството го известува за пречекорувањето и дека иницијативата нема да биде дел од Годишниот план. Со други зборови, во Планот се инвеститори кои покажале сериозност и доставиле барана докумнетација. Роковите за реализација се пропишани со Законот за енергетика и рокот на важење на овластувањето за изградба на енергетски објект може да биде најмногу 15 години согласно Законот за енергетика, а конкретните рокови, зависно од технологијата и моќноста на централата, се пропишани во Правилникот за овластување.

Целиот текст може да го прочитате на faktor.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Халанд само под еден услов може да дојде во Реал Мадрид

Следно

СДСМ го осуди „навредливото однесување на Вучиќ“ кон Шекеринска

Latest from Blog

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп: По повеќе од 10 години исчистен просторот кај поранешната Зоолошка градина

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп спроведоа темелна акција за расчистување на просторот во населбата Вишне 2, на локацијата каде што некогаш се наоѓала Зоолошката градина. Во рамки на акцијата беа отстранети

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се зголеми на 2 295

Досега околу 6.000 лица се извлечени живи од урнатините.по двата земјотреси властите регистрираа 782 последователни потреси. Иако нивната фреквенција и интензитет се намалија, официјалните лица предупредија дека ризикот од уште еден силен

Лукровски во градинката ,,Орце Николов, да го види донираниот компостер

По враќањето од боледување на градоначалникот Сотир Лукровски, на официјалната фејсбук страница на Општина Карпош се споделуваат фотографии од неговите активности. Денеска градоначалникот бил во градинката ,,Орце Николов”, за да ја види
Go toTop