(ВИДЕО) Мицкоски повтори: Влада без ДУИ и уставни измени со „одложено дејство“

June 8, 2023
2 mins read

ДУИ нема потреба да биде дел од таа преодна влада, а за понатаму граѓаните ќе кажат дали тие ќе бидат или не дел од наредната влада. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кој е поврзан со ДУИ е дека ќе сториме сè што е во наша моќ, а во рамките на законите и Уставот, ДУИ да остане и натаму во опозиција бидејќи е здраво и опозицијата е добар период кога можете да се реструктурирате од внатре, рече Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и денеска повтори дека не е проблем пратениците во Собранието да ги гласаат уставните амандмани, но како услов за тоа постави дека тие треба да бидат со одложено дејство, односно да влезат во сила тогаш кога за Македонија ќе биде донесена одлука да стане членка на ЕУ. Мицкоски овој став првпат го изнесе вчера по лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски на која зборуваа за уставните измени.

Исто така, овој предлог, потсети Мицкоски, опфаќа и влада без ДУИ.

„Кога станува збор за уставните амандмани, ние рековме во ред, еве, да речеме, да го прифатиме гласањето за тие, но, да биде ефектот одложен односно со одложено дејство. Тоа значи практично околностите нема да се променат, нема да имаме промена на Устав, тие амандмани нема да бидат дел од новиот Устав сè до моментот додека Македонија не стане земја членка на ЕУ. На тој начин го заштитуваме нашиот идентитет и на тој начин ние кажуваме дека нема да има дополнителни отстапки кои ќе можат да му наштетат на нашиот идентитет“,

рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при неговата посета на Општина Кочани.

Според Мицкоски, за поздравување е одговорот на Бујар Османи дека ДУИ го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да не биде дел од владата, но уставните измени да се изгласаат и да стапат на сила пред интегративците да ја напуштат „Илинденска“ бр. 2.

„Го поздравувам што сфати дека е време за опозиција. Tоа дава можност граѓаните да се ослободат од фрустрацијата од процесот на дуизација. Од друга страна, тоа дава можност за вистински почеток на преговори со ЕУ, а не Македонија да биде држена во заложништво од мала група на луѓе кои освен својот личен интерес ништо друго немаат како приоритет. Се надевам дека нема да ја променат одлуката до изборите“,

додаде Мицкоски.

Според него, ДУИ нема потреба да биде дел од таа преодна влада, а за понатаму, како што рече, граѓаните ќе кажат дали тие ќе бидат или не дел од наредната влада.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кој е поврзан со ДУИ е дека ќе сториме сè што е во наша моќ, а во рамките на законите и Уставот, ДУИ да остане и натаму во опозиција бидејќи е здраво и опозицијата е добар период кога можете да се реструктурирате од внатре“,

додаде Мицкоски.

Мицкоски вели дека оваа преодна влада ќе биде со важност до организација на избори, а потоа граѓаните ќе одлучат.

„Добро е да сме дел од тој процес, на тој начин ќе спречиме евентуална злоупотреба на изборниот процес и неправилности, што е важно за да имаме кредибилен изборен процес и тоа на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе им даде доверба дека процесот кој следи и претседателски и парламентарни избори се согласно законите и Уставот“,

изјави Мицкоски.

Тој додаде дека идниот премиер нема да биде премиер поради договорот кој го направиле СДС и ДУИ, туку ќе биде премиер кој го избрале мнозинството пратеници во рамките на Собранието. Тоа го предложивме ние како ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме одговор од СДС, рече Мицкоски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Детали од договорот: Зошто Меси го избра Интер Мајами пред Ал Хилал?

Следно

Бројките покажуваат дека расте проблемот околу Шенген-визите за турските државјани

Latest from Blog

Стентон Градба реконструира училишни спортски игралишта во Битола

Стентон Градба од Битола активно работи на реализација на повеќе значајни инфраструктурни зафати во областа на образованието и спортот, со тековна реконструкција на спортски игралишта на неколку локации во Општина Битола. Компанијата,

Костовски: 70 улици во тек на реконструкција, милионска инвестиција за трансформација на Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на улици во населбата Радишани, потврдувајќи го продолжувањето на инвестициите во патната инфраструктура. Според Костовски, активностите се одвиваат

Кромберг & Шуберт Македонија прогласен за „Најпосакуван работодавач“ по втор пат

На синоќешната свечена манифестација „Работодавач на годината“, организирана од водечкиот портал за посредување при вработување Vrabotuvanje.com.mk, компанијата Кромберг & Шуберт Македонија по втор пат ја потврди својата доминација на македонскиот пазар на труд, освојувајќи го престижното признание

ИРЦГ им се закани на САД и Израел за какво било прекршување на прекинот на огнот

Во соопштението објавено од агенција Тасним пред Денот на националната армија на Иран, што ќе се одбележи утре, ИРЦГ ја нагласи својата подготвеност да одговори на каква било воена закана со „разорни
Go toTop