Брнабиќ за ситуацијата во Косово: Немам ниту еден добар збор за нашите партнери во ЕУ и КФОР, нивната реакција беше задоцнета

May 29, 2023
2 mins read

Таа потсети дека мандатот на КФОР, според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, е да ги штити мирот и стабилноста, а пред се луѓето

Реакцијата на меѓународните мировни сили КФОР на северот на Косово е задоцнета, тие денес ги штитат узурпаторите од демократија и обични граѓани, оцени премиерката на Србија Ана Брнабиќ откако утрово дојде до судир меѓу српското население и косовската полиција.

„Немам ниту еден добар збор за нашите партнери во ЕУ или нашите партнери во КФОР, нивната реакција беше задоцнета. Тие мораа да бидат таму во петокот, на начин како што се денес таму“,

изјави Брнабиќ.

Таа потсети дека мандатот на КФОР, според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, е да ги штити мирот и стабилноста, а пред се луѓето.

„Денес тие не ги штитат луѓето, не ја штитат демократијата, не ги штитат институциите. Тие се денес таму за да ги заштитат узурпаторите од демократијата и обичните луѓе и обичните граѓани“,

оцени Брнабиќ.

Таа му се заблагодари на српскиот народ во Косово што е „достоинствен“ на протестите пред општинските згради кои ги обезбедуваат КФОР и косовската полиција и нагласи дека Србија мора да продолжи да го одржува мирот.

„Ова се тешки времиња, ја следиме ситуацијата, но вакво непочитување на какви било демократски принципи од меѓународната заедница е навистина зачудувачки за мене и не кажува ништо добро за нив“,

изјави таа.

На прашањето кои би можеле да бидат следните чекори на Белград, Брнабиќ рече дека е неопходно тоа да се остави на дипломатијата и додаде дека српскиот претседател Александар Вучиќ имал многу телефонски разговори и средби по тој повод.

Нови тензии утринава избија на северот на Косово во општините со мнозинство српско население. Косовската полиција употребила солзавец за да ги растера граѓаните откако КФОР им дозволи да се соберат пред зградата на општината во Звечан.

Како што јавуваат српските медиуми, војниците на КФОР, со опрема за разбивање демонстрации, како и припадници на косовската полиција, се распоредени пред општинските згради во Звечан, како и во Лепосавиќ и Зубин Поток каде што денеска локалните Срби повторно се собраа да се спротивстават на новите градоначалници, избрани на локалните избори на 23 април, кои српското население ги бојкотираше.

Тензична беше атмосферата и во петокот. По обидите на граѓаните од северот од Косово да ја спречат полицијата да влезе во општинските простории во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, дојде до судири, во кои полицијата употреби солзавец и шок-бомби.

Неколку Срби беа повредени, а косовската полиција влезе во општинските згради и во нив внесе градоначалници Албанци.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја подигна борбената готовност на Армијата.

Меѓународната заедница ја повика владата на Косово да се откаже од одлуките и да не се обидува „насилно да влезе“ во општинските згради, додека Приштина го бранеше ставот новите градоначалници да одат во нивните канцеларии.

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера го повика Косово да не презема „еднострани и дестабилизирачки чекори“ на северот на Косово.

Столтенберг: Косово не треба да презема еднострани и дестабилизирачки чекори

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сирија: Израел изврши ракетен напад на околината на Дамаск

Следно

СКОПСКИОТ ВИКЕНД НА ГОРДОСТА ОД 1 ДО 13 ЈУНИ ВО МСУ, МКЦ И „ЈАДРО“

Latest from Blog

ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект

31-годишен скопјанец им подлегна на повредите по пукањето на Бит Пазар

31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар. Според информациите тој им подлегнал на повредите во операционата сала

Реакција од Здружението на општински градежни инспектори на РСМ за непрофесионално и неточно интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори

Здружението на градежни инспектори на Република Северна Македонија, денеска преку соопштение до јавноста се огласи за како што велат „неточното интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори“. Во својата реакција тие

Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во официјална посета на земјава

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски оствари тет а тет средба со својот црногорски колега Ервин Ибрахимовиќ кој е во официјална посета на земјата кои потпишаа меморандум за разбирање во областа на
Go toTop