Едно лице загина во престрелка на Бит-пазар, две групи пукале меѓу себе

April 25, 2025
1 min read

31-годишен маж кој беше повреден во огнената размена им подлегна на повредите во Ургентиот центар.

„Во врска со пукањето на Бит Пазар, ве известуваме дека повредениот А.С. (31) им подлегнал на повредите“, информираа од МВР.

Вооружената престрелка се случила околу 14 часот на раскрсница на улицата Војдан Чернодрински. Дел од куршумите завршиле и во околните објекти. Од МВР соопштија дека станува збор за престрелка меѓу две групи од по пет до шест лица.

На местото најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објекти и околните продавници и неколку паркирани возила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Екипи на полицијата го обезбедуваа местото, а улицата беше затворена за сообраќај.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2

Следно

Во престрелката на Бит Пазар загина 31-годишен маж

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop