Брнабиќ: Ќе ja утврдиме политичка одговорност за Нови Сад

November 4, 2024
1 min read

Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, изјави дека не се сомнева дека ќе се утврди политичка одговорност за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад и истакна дека власта во последните десет години никогаш не бегала од одговорноста и оти претставниците на опозицијата уште еднаш покажаа дека не ги интересира човечката трагедија, туку како да дојадат на власт, јави дописникот на МИА од Белград.

-Политичката одговорност секако ќе биде утврдена и апсолутно не се сомневам во тоа, бидејќи знам што направивме по трагедијата во мај 2023 година (Рибникар и Младеновац). Во ниту еден момент не се криевме зад функцијата, во ниту еден момент не ја чувавме функцијата, изјави Брнабиќ за ТВ Хепи.

Таа потсети дека тогашниот министер за образование Бранко Ружиќ поднел оставка и дека таа како премиер во Собранието понудила оставка.

-Ресорниот министер си поднесе оставка, а јас штом отидов во Собрание кажав да сметаат и на мојата. Но, тие (опозицијата) рекоа: Не, нема да не измамите, не сакаме да имаме избори. Па, тогаш на почетокот на септември побараа избори и ги добија, рече Брнабиќ.

Таа изјави дека додека спасувачите во Нови Сад сè уште барале преживеани под урнатините, опозицијата за тоа време „одржила состанок“ да види како да ја искористи трагедијата политички, додавајќи дека тоа е „човечка катастрофа“ и дека е „монструозно“.

Брнабиќ, коментирајќи ги плакатите во Нови Сад со фотографии од премиерот и неколку министри Горан Весиќ и Тома Момировиќ, праша за што е виновен премиерот Милош Вучевиќ и изјави дека треба да се види за кое време се работи кога се случиле грешките, а Вучевиќ може тогаш да бил градоначалникот на Нови Сад кој не е одговорен за тој проект, или министер за одбрана.

-Ако го сакате премиерот, тогаш побарајте ја мојата глава. Не ја барајте главата на премиерот кој стана премиер по изборите во 2023 година, рече Брнабиќ и додаде дека само во Србија се „политичари“ во вакви трагедии.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Железничката мрежа на Туркије ќе достигне над 14 илјади километри во 2025 година

Следно

Министерот Муртезани на работна средба во Тетово

Latest from Blog

Работилница за гондола на Пелистер – Коњановски го поздрави учеството на домашни и странски експерти

Денеска се одржа 2-та работилница за изработка на физибилити студија за изградба на гондола на Пелистер. Се обрати и ги поздрави присутните градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој кажа дека ова е

Божиновска: Македонија забрзува кон зелена и праведна енергетска транзиција

Македонија има јасен план, силна институционална координација и конкретни чекори за забрзување на зелената транзиција, беше истакнато на денешниот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP). Министерката за енергетика,

Мицкоски: Предметите без кривично дело и докази мора да се затворат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека новиот државен јавен обвинител веднаш да пристапи кон расчистување на сите предмети и документи што со години стоеле во фиоките без разрешница. Тој вели дека предметите

Гоце Делчев, 23 јануари 1902: „Да не се плашиме од смртта. Каде и да нè посети, да ја дочекаме со презир – и да ја победиме!“,

„Зелениче е прекрасно, големо гурбетчиско село. Атмосферата во куќите е речиси градска. Многу од мажите носат панталони. Питоми, приемчиви, гостопримливи луѓе. Ова е првпат да го видам Делчев на работа овде. Тој
Go toTop