Министерот Муртезани на работна средба во Тетово

November 4, 2024
1 min read

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска беше во работна посета на општина Тетово, каде оствари средба со градоначалникот на општината Билал Касами и неговиот тим. Целта на состанокот беше размена на мислења и информации за напредокот во спроведувањето на ИПА проектите каде како корисник се јавува општината, што е дел од напорите кои МЕП Муртезани ги вложува за подобро искористување на ИПА фондовите.

Муртезани истакна дека изградбата на пречистителна станица за третман на отпадни води во Тетово е еден од ИПА проектите кои произлегуваат од националната стратегија за води за земјата, а истовремено подразбира и примена на европското законодавство во областа на водите.

Инвестицијата преку ИПА е голема и бара голема посветеност на сите засегнати страни од централната и локалната власт.

Градоначалникот Касами реафирмираше дека Општина Тетово е посветена на спроведување на проектот кој во моментот се наоѓа во тендерска постапка, но исто така тој и неговиот тим споделија загриженост за капацитетите на Општината да планира, спроведува и да одржува ваков тип на инвестициски проекти.

Соговорниците се согласија дека треба да се инвестира во обуки и во создавање на услови за работа на експерти на вакви значајни проекти.

На состанокот исто така се разговараше и за други проекти каде Општината се јавува како корисник и тоа од програмата за прекугранична соработка со Албанија и програмата за прекугранична соработка со Косово, во контекст на можна соработка со Министерството за европски прашања. Во таа насока беше договорено да се направат напори за користење на можностите кои што ги нуди центарот за обука на МЕП, за за зајакнување на капацитетите на Општина Тетово во контекст на подобро искористување на европските фондови.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Брнабиќ: Ќе ja утврдиме политичка одговорност за Нови Сад

Следно

Лимани: Ја зголемуваме поддршката и инклузијата на ранливите категории граѓани

Latest from Blog

Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал

Микел Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал. Договорот на 44-годишниот Шпанец е со важност до 2030 година, а според новиот договор, тој ќе заработува приближно 20

7,89 милиони денари промет на Македонската берза: МБИ10 порасна за 0,58 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.048,96 поени. Во однос

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности Во светот повторно расте интересот за рударството. САД проценуваат дека во следната деценија
Go toTop