Брнабиќ: Ќе бараме дополнителни безбедносни гаранции за Србите на Косово

January 8, 2023
1 min read

Реагирајќи на одговорот на КФОР во кој се вели дека нема потреба од враќање на српските безбедносни сили на територијата на Косово, српската премиерка Ана Брнабиќ вели дека тоа што писмото било доставено на Бадник и по нападот врз српските момчиња во Штрпце многу зборува „за карактерот на одговорот“.

„Ќе бараме дополнителни гаранции за безбедноста на Србите на Косово и Метохија бидејќи тоа не се условите во кои некој во Европа треба да живее во 21 век“,

нагласува Брнабиќ.

Таа во изјава за РТС вели дека одговорот на КФОР на барањето на Владата за враќање на илјада припадници на српските безбедносни сили на Косово е обележан со две работи. Првата е дека одговорот бил испратен на Бадник, а втората дека бил испратен веднаш по нападот врз српските момчиња во Штрпце.

„Би сакала српскиот народ во Косово да ја ужива сета заштита и пред се српските семејства да се чувствуваат безбедно, да живеат, да учат и да работат безбедно. Но, за жал, тоа не е така и денешниот протест на српскиот народ на Косово и Метохија го покажува тоа“,

изјави Брнабиќ за новинарите во Дубаи, каде што е во дводневна посета.

Брнабиќ смета дека тоа што го кажува КФОР е различно од реалноста на терен.

„Не е дека Србите само не се чувствуваат безбедни, туку и не се безбедни. Тројца млади момчиња биле нападнати на Бадник, но ова е само последниот во низата инциденти. А такви беа повеќе од 300 во последните две години за кои никој не одговараше“,

вели Брнабиќ.

Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека КФОР во својот одговор соопштил дека нема потреба од враќање на српските сили, откако во средината на декември властите во Србија испратија барање до канцеларијата на мисијата на НАТО во Косово, КФОР, за враќање до 1 000 припадници на српската војска и полиција во Косово.

Тој следната недела во Белград ќе се сретне со советникот на Стејт департментот Дерек Шолет. Порача дека САД се искрени во поддршката за независноста на Косово, но и дека се обидуваат да ја разберат позицијата на Србите во Косово.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

На протест во Косовска Митровица Вучиќ обвинет за предавство

Следно

УНХЦР: Војната во Украина предизвика најголем бран бегалци од Втората светска војна

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop