Британскиот министер Клеверли: Бомбардирањето на браната Каховка во Украина е воено злосторство

June 6, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли истакна дека бомбардирањето на браната „Каховка“ во Украина е воено злосторство и напад врз цивилната инфраструктура, пренесува Анадолу.

Британскиот министер Клеверли во објава на Твитер го опиша нападот како „страшен чин“.

„Нападот што како цел ја имаше цивилната инфраструктура е воено злосторство. Британија е подготвена да ја поддржи Украина и оние кои се погодени од оваа катастрофа“, рече тој.

Експлозиите во хидроелектраната „Каховка“ на реката Днепар во близина на Керсон, во јужна Украина, предизвикаа поплави денес, додека Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на Твитер напиша дека уништувањето на браната „потврдува пред целиот свет дека тие (руските сили) мора да бидат протерани од секој агол на украинската територија“.

Од друга страна, Владимир Леонтјев, челникот на градот Нова Каховка, на источниот брег на реката Днепар, кој е под руска контрола, преку Телеграм рече дека нападите во текот на ноќта на Украинските вооружени сили довеле до уништување на вентилите, а со тоа и до неконтролирано ослободување на водата низводно.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Авионско прскање против возрасни форми на комарци 06.6.2023

Следно

Бугарија конечно доби политичка влада: Изгласан кабинетот на двоецот Денков-Габриел што го договорија ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС

Latest from Blog

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop