Британската Влада ангажира воени планери за справување со куповите отпад во Бирмингем

April 14, 2025
2 mins read

БИРМИНГЕМ (АА) – Британската Влада ангажира воени планери за да помогнат во справувањето со куповите отпад во Бирмингем бидејќи штрајкот на собирачите на отпад трае веќе шеста недела, при што вториот најголем град во Велика Британија е затрупан со околу 20.000 тони несобран отпад, јавува Анадолу.

Со оглед на „тековниот ризик за јавното здравје“ предизвикан од растечките депонии низ градот, воените лица ќе бидат ангажирани како логистичка поддршка за ограничен период.

„Владата веќе обезбеди персонал за да го поддржи градскиот Совет во Бирмингем со логистика, со цел брза реакција на терен и да се решат ризиците поврзани со јавното здравје“, изјави портпаролот на Владата за Би-би-си.

„Со оглед на постојаниот ризик по здравјето, мал број воени службеници со искуство во оперативно планирање му се ставени на располагање на градскиот Совет на Бирмингем за дополнителна поддршка во оваа област“, додаде тој.

Штрајкот, предводен од членови на синдикатот Јунајт, кој на 11 март ескалираше во целосно запирање на работата, е резултат на спор околу одлуката на градскиот Совет на Бирмингем да ја укине функцијата службеници за отпад, рециклирање и собирање.

Синдикатот тврди дека со ваквата одлука на некои работници ќе им бидат одземени и до 8.000 фунти (околу 10.400 долари) годишно, а тоа ќе погоди околу 150 вработени. Советот, кој се соочува со финансиска криза откако минатата година прогласи банкрот поради порамнувањето со еднаква плата, инсистира дека промената е усогласена со националните стандарди и ги ублажува идните обврски.

Во изјавата за Анадолу независниот пратеник од Бирмингем, Ајуб Кан, изрази силна поддршка за штрајкувачите и упати жестока критика кон локалното и националното раководство.

„Целосно ги поддржувам нашите собирачи на отпадот што секојдневно ја извршуваат оваа витална работа за заедницата, без оглед на временските услови. Тие заслужуваат фер плата и достоинствен третман“, изјави Кан.

Кан ја обвини и Владата за доцнење: „Пред речиси две недели го разгледав прашањето со премиерот и повикав на поддршка од армијата. Дури сега се преземаат мерки. Во меѓувреме, состојбата на нашите улици стана ужасна, што претставува сериозен ризик по здравјето“, рече тој.

Исто така, тој апелираше до властите итно да преземат мерки: „И Владата и градскиот Совет мора да се организираат и да го исчистат градот за да ја заштитат безбедноста на жителите.“

Жителите сведочат за сè полоши услови, со преполни канти што привлекуваат стаорци и шират неподнослива смрдеа.

„Секојдневното минување покрај овие купови отпад е невозможно за издржување“, вели Ема Пател, жителка на населбата Хокли.

„Мирисот е постојан, а сред бел ден гледам стаорци како слободно шетаат по улиците“, додаде таа.

Ангажирањето на воените планери има цел да ги ублажи логистичките пречки, а од Владата потенцираат дека нивниот ангажман ќе биде со ограничен обем.

Градскиот Совет се обидува да го намали заостанатиот отпад, за што веќе побара поддршка од соседните општини, од каде што пристигнуваат дополнителни возила и екипи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Советник на Белата куќа: Огромен напредок во преговорите за царини меѓу САД и ЕУ

Следно

Радикален потег на „Олд Трафорд“: Му ги уништија соништата поради Онана, а сега даваат богатство да го донесат

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop