Брисел: Креативните решенија мора да бидат усогласени со заклучоците на Советот

November 28, 2024
1 min read

Работиме на изнаоѓање решение за Северна Македонија да оди напред во втората фаза од преговорите со ЕУ. Не сакаме Северна Македонија да биде оставена назад. Сепак, креативните решенија мора да бидат усогласени со заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, велат извори од Брисел за МИА.

Посочуваат дека треба да се усвојат уставните измени и дека нема да има нови одложувања за да може државата да продолжи напред со процесот. 

Заклучоците на Советот на ЕУ, велат дека не можат да се изменат и во тој контекст се што ќе се изнајде како решение ќе мора да се усогласи со она што е легално усвоено. 

Истите извори посочуваат дека новата еврокомесарка за проширување и соседска политика Марта Кос напорно ќе работи во пристапниот процес на земјите од Западен Балкан. 

Во ЕУ впечатокот е дека треба да се искористи моментумот за земјите од регионот создаден со новите геополитички околности. 

Во однос на уставните измени со одложено дејство, изворите од ЕУ велат дека тоа не е опција бидејќи не е во согласност со заклучоците на Советот. Но, нагласуваат дека може да се најдат и други начини за да се испрати сигнал дека земјава нема да биде оставена назад, бидејќи, како што посочуваат, тоа е неприфатливо. 

Изворите од ЕУ потсетуваат дека процесот на пристапување се заснова на заслуги и оти земјава треба да продолжи со реформите, а фокусот да се стави на владеење на правото и реформите во правосудството. 

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос вчера во изјава за медиуми по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, изјави дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија.

На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа која може да даде одговор на тоа прашање.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јакнење на македонско-британската соработка во делот на енергетиката

Следно

Стојановски: Приватните превозници го прифатија предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, цената за километар да биде 100 денари!

Latest from Blog

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи мораше да биде прекинат – поради тепачка (Видео)

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи, кој традиционално се игра пред секој дуел на Македонија и Шкотска, попладнево беше прекинат. Мечот на стадионот „Алумина“ беше прекинат откако полицијата мораше да интервенира

Божиновска: Во Женева ги претставивме енергетските реформи и растот на обновливите извори

Тим од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја претстави Македонија на Неделата на одржлива енергија на UNECE, која од 28 септември до 1 октомври се одржа во Палатата на нациите

Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на ФЕРО ИНВЕСТ на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“

Инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ со стручен труд и учество на панел-дискусија за интеграцијата и значењето на батериските системи во современата енергетика ФЕРО ИНВЕСТ и ЕМС (Energy Maintenance Solutions) учествуваа на Меѓународната конференција

Поради кит потона јахта од 16 метри (ВИДЕО)

Екипажот поминал часови во сплав за спасување пред да ги пронајде контејнерски брод. Џема и Џереми Купер, Тери Хедерингтон и Мартин Џафр пловеле на јахтата Таи Там во оддалечен дел од океанот,
Go toTop