Божиновска од јубилејот на ЕВН: Потребен е одговорен приватен сектор и силни институции

April 29, 2026
1 min read

нистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска испрати јасна и недвосмислена порака: економскиот развој и енергетската стабилност не се резултат на поединечни напори, туку на вистинско, функционално партнерство меѓу државата и приватниот сектор.

На одбележувањето на 20 години од работењето на ЕВН Македонија и промоцијата на „Белата книга“, Божиновска нагласи дека успехот на една компанија не може да се гледа изолирано, туку како дел од поширок систем во кој се преплетуваат јавниот интерес, инвестициите и развојот на општеството.

„Ова не е само јубилеј на една компанија. Ова е доказ дека кога има визија, посветеност и заедничка цел – резултатите се долгорочни и видливи. Развојот не може да биде едностран. Ниту државата може без силен приватен сектор, ниту бизнисот може да расте во средина што стагнира“, истакна министерката.

Таа потенцираше дека вистинската вредност на компаниите се мери преку нивниот придонес кон економијата и квалитетот на живот на граѓаните. „Колку повеќе расте економската моќ на граѓаните, толку повеќе расте и потенцијалот за инвестиции и бизнис. Тоа е меѓусебна зависност. Не може едното без другото“, рече Божиновска.

Во своето обраќање, министерката посебно се осврна на улогата на приватниот сектор како двигател на иновации, модернизација и технолошки напредок, нагласувајќи дека инвестициите во енергетската инфраструктура и новите решенија не ја трансформираат само компанијата, туку ја придвижуваат целата економија.

Истовремено, Божиновска ја нагласи и клучната улога на државата.

„Нашата задача како институција е јасна – да создадеме стабилен, предвидлив и фер систем. Систем во кој граѓаните се заштитени, пазарот е регулиран, а компаниите имаат сигурност и јасни правила за инвестирање. Закони мора да има – но уште поважно, тие мора да се почитуваат“, подвлече таа.

Министерката предупреди дека без доверба нема инвестиции, а без инвестиции нема развој, особено во сектор како енергетиката, кој бара долгорочно планирање и сериозен пристап. „Енергетиката не трпи импровизации. Таа бара одговорност, партнерства и визија. Затоа ни е потребен приватен сектор кој не само што инвестира, туку создава вредност – и институции кои тоа ќе го овозможат“, изјави Божиновска.

Осврнувајќи се на „Белата книга“, таа ја оцени како значаен документ што ја отсликува досегашната соработка, но и поставува јасен правец за иднината. „Овој документ е огледало на едно партнерство, но и патоказ. Покажува дека кога знаењето, капиталот и институциите се усогласени – резултатите не изостануваат“, нагласи министерката.

Божиновска упати повик за продолжување на ваквиот модел на соработка, потенцирајќи дека само преку реални, мерливи и одржливи партнерства може да се изгради енергетски стабилна, економски силна и просперитетна држава.

„Да продолжиме да работиме заедно – затоа што тоа не е избор, туку предуслов за напредок“, порача министерката Сања Божиновска.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Енрике: Натпревар на кариерата, се договоривме колку голови треба да постигнеме во Минхен

Следно

САД ИЗДАВААТ ПАСОШИ СО ЛИКОТ НА ТРАМП – Патриотски јубилеј или култ на личноста?

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop