Божиновска: Македонија конечно доби јасна енергетска стратегија и силни регионални партнери

November 22, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оцени дека енергетскиот сектор во државата влегува во најдинамичниот период на реформи досега. На „Форумот за слобода“, меѓународен политички настан организиран од Унијата на млади сили и партнерските младински организации, таа ги презентираше реализираните проекти и идните приоритети.

Божиновска потсети дека министерството стартувало од нула, со паралелна потреба да се воспостави институционален систем, да се стабилизира состојбата и да се дефинира јасна стратегија.

„Денес можам да кажам дека Македонија по долго време има јасна енергетска насока, конкретни проекти и регионални партнери кои нè гледаат како сериозен играч“, истакна министерката, додавајќи дека енергетиката е област каде нема место за импровизации.

 

Меѓу досегашните резултати ги издвојува гасниот интерконектор со Грција, договорената соработка со Србија за нов интерконектор, финализираното електроенергетско поврзување со Албанија и новиот темелен Закон за енергетика. Усвоени се и закони за обновливи извори, геологија и рударство, како и за енергетска ефикасност. Забрзани се постапките за приклучување на ветерни и соларни капацитети, а подготвен е и тригодишен план за енергетски ефикасно реновирање на јавни објекти, заедно со мастер-план за идните мрежни инвестиции.

Во панел-дискусијата Божиновска нагласи дека регионалната интеграција е предуслов за стабилен енергетски систем. „Самостојност без поврзаност повеќе не значи сигурност. Само земјите кои се дел од глобалниот мрежен систем можат да бидат стабилни“, рече таа.

Министерката оцени дека Македонија го менува пристапот и регионалната позиција. Интерконекторот со Грција, како што наведе, го отвора патот кон европските пазари и нови извори на гас, додека со Србија и Албанија веќе е воспоставена рамка за функционална соработка.

Говорејќи за транзицијата од јаглен, Божиновска повтори дека затворањето на термоенергетските капацитети мора да биде внимателно планирано. Таа рече дека земјата е посветена на зелена транзиција, но без ризични и брзи потези.

„Произведуваме над 40% електрична енергија од обновливи извори, но тоа важи кога има сонце, ветер или вода. Енергија ни треба и навечер и во услови на слаба хидрологија. Интерконекторите се нашето осигурување, а паралелно инвестираме во ефикасност и обновливи извори. Секој заштеден киловат е киловат што не мора да го произведеме“, порача министерката.

Таа заклучи дека во енергетскиот сектор нема простор за драматични скокови, туку само за стабилни, прецизни и пресметани чекори кои гарантираат сигурност за граѓаните и економијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Огромни поплави во Грција: Свлечишта заробија жители во повеќе области, драма на Крф (ВИДЕО)

Следно

Апел за помош на малиот Никола Черкезов

Latest from Blog

Советот на Општина Битола: Нови мерки за економски раст и социјална грижа

Советот на Општина Битола во четврток ќе ја одржи шестата седница, на која пред советниците ќе се најдат повеќе значајни точки од локален развоен и социјален карактер. Меѓу клучните теми е Општинскиот

ВЛЕН: Случајот со Груби отвора прашања за политичката одговорност во ДУИ

Коалицијата ВЛЕН во своја објава остро реагира на актуелните случувања поврзани со поранешниот висок функционер на ДУИ, Артан Груби, оценувајќи дека процесот има сериозни политички импликации за раководството на партијата и нејзиниот

Раичевиќ за Топ Тема: Кандидатурата на Ристоска отвора прашања за објективност и можен судир на интереси

Кандидатката за државен јавен обвинител Лидија Раичевиќ во емисијата „Топ тема“ изјави дека кандидатурата на обвинителката Ленче Ристоска отвора сериозни дилеми во однос на објективноста и можниот судир на интереси доколку таа

Шокантен извештај: Епштајн ги криел фотографиите и снимките во тајни складишта низ САД

Педофилот изнајмил најмалку шест складишта, претежно во Флорида, за илјадници долари помеѓу 2003 и 2019 година, според истрагата на „Телеграф“. Овие складишта останале неоткриени од американските власти, што сугерира дека тие може
Go toTop