Божиновска: Македонија конечно доби јасна енергетска стратегија и силни регионални партнери

November 22, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оцени дека енергетскиот сектор во државата влегува во најдинамичниот период на реформи досега. На „Форумот за слобода“, меѓународен политички настан организиран од Унијата на млади сили и партнерските младински организации, таа ги презентираше реализираните проекти и идните приоритети.

Божиновска потсети дека министерството стартувало од нула, со паралелна потреба да се воспостави институционален систем, да се стабилизира состојбата и да се дефинира јасна стратегија.

„Денес можам да кажам дека Македонија по долго време има јасна енергетска насока, конкретни проекти и регионални партнери кои нè гледаат како сериозен играч“, истакна министерката, додавајќи дека енергетиката е област каде нема место за импровизации.

 

Меѓу досегашните резултати ги издвојува гасниот интерконектор со Грција, договорената соработка со Србија за нов интерконектор, финализираното електроенергетско поврзување со Албанија и новиот темелен Закон за енергетика. Усвоени се и закони за обновливи извори, геологија и рударство, како и за енергетска ефикасност. Забрзани се постапките за приклучување на ветерни и соларни капацитети, а подготвен е и тригодишен план за енергетски ефикасно реновирање на јавни објекти, заедно со мастер-план за идните мрежни инвестиции.

Во панел-дискусијата Божиновска нагласи дека регионалната интеграција е предуслов за стабилен енергетски систем. „Самостојност без поврзаност повеќе не значи сигурност. Само земјите кои се дел од глобалниот мрежен систем можат да бидат стабилни“, рече таа.

Министерката оцени дека Македонија го менува пристапот и регионалната позиција. Интерконекторот со Грција, како што наведе, го отвора патот кон европските пазари и нови извори на гас, додека со Србија и Албанија веќе е воспоставена рамка за функционална соработка.

Говорејќи за транзицијата од јаглен, Божиновска повтори дека затворањето на термоенергетските капацитети мора да биде внимателно планирано. Таа рече дека земјата е посветена на зелена транзиција, но без ризични и брзи потези.

„Произведуваме над 40% електрична енергија од обновливи извори, но тоа важи кога има сонце, ветер или вода. Енергија ни треба и навечер и во услови на слаба хидрологија. Интерконекторите се нашето осигурување, а паралелно инвестираме во ефикасност и обновливи извори. Секој заштеден киловат е киловат што не мора да го произведеме“, порача министерката.

Таа заклучи дека во енергетскиот сектор нема простор за драматични скокови, туку само за стабилни, прецизни и пресметани чекори кои гарантираат сигурност за граѓаните и економијата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Огромни поплави во Грција: Свлечишта заробија жители во повеќе области, драма на Крф (ВИДЕО)

Следно

Апел за помош на малиот Никола Черкезов

Latest from Blog

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето
Go toTop