Борел: Нема оправдување за осакатувањето на женските гениталии

February 6, 2024
1 min read

Осакатувањето на женските гениталии претставува кршење на човековите права и форма на насилство врз девојчињата и жените, за кое нема оправдување, се наведува во пораката на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел упатена во име на Европската комисија по повод Меѓународниот ден на нулта толеранција за осакатување на женските гениталии – 6 Февруари.

– Да бидеме јасни: овие постапки не се случуваат од медицински причини. Животите на девојчињата се загрозени, нивните човекови права се прекршени и тие трпат трајни физички и психички трауми. Едноставно нема оправдување за осакатување на женските гениталии – наведува Борел, потврдувајќи ја силната посветеност на ЕУ за искоренување на оваа практика ширум светот.

Според дефиницијата на Светската здравствена организација, осакатувањето на женските гениталии ги опфаќа сите процедури кои вклучуваат делумно или целосно отстранување на женските надворешни гениталии или други повреди на женските генитални органи од немедицински причини, што претставува форма на насилство која има тешки доживотни физички и психолошки последици врз жените и девојчињата.

Се проценува дека во Европа околу 600.000 жени живеат со последиците од осакатувањето на женските гениталии, како и дека околу 190.000 девојчиња во 17 европски земји се изложени на ризик да бидат подложени на оваа пракса.

Секоја година во Европа како баратели на азил пристигнуваат најмалку 20.000 жени и девојки од земји каде постои ризик од осакатувањето на женските гениталии.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Девет лица убиени во два напада во Мексико

Следно

Двајца загинати, тројца ранети во престрелка пред Судската палата во Истанбул

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop