Борел: Дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите е во клучна фаза

February 23, 2023
1 min read

ЕУ им претстави на страните предлог кој ќе го стави процесот на нормализација на солидна, напредна патека, вели Борел

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите со поддршка на ЕУ е во клучна фаза.

Канцеларијата на Европската унија во Косово на Твитер соопшти дека Борел на денешната седница на Советот за безбедност на ОН посочил дека ЕУ доставила предлог до страните во дијалогот и додаде дека се надева оти тие ќе се ангажираат конструктивно на следниот состанок и ќе ги искористат можностите.

„Дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, со поддршка на ЕУ, е во клучна фаза. ЕУ им претстави на страните предлог кој ќе го стави процесот на нормализација на солидна, напредна патека. Ќе бидам домаќин на двете страни во Брисел следната недела и се надевам дека тие ќе се ангажираат конструктивно и ќе ја искористат оваа единствена можност“,

рече Борел.

И специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак изјави дека претстојниот состанок во Брисел, кој ќе се одржи на 27 февруари на највисоко политичко ниво, е значаен и оти следните чекори и прифаќање на предлозите поддржани од сите членки на ЕУ и САД зависеле од ставовите на партиите, пишува српски „Блиц“.

Лајчак потсетува дека од септември разговарале со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти и дека еден од нив во јануари, а другиот во февруари рекол дека го прифатиле европскиот предлог во принцип.

„Сега е дојдено време тие официјално и јавно да го прифатат предлогот и потоа да разговараат за неговото спроведување. Важно е партиите формално и јавно да го прифатат и да се разговара за други детали“,

рече Лајчак.

Лајчак наведува дека доколку двете страни го отфрлат предлогот, тоа би испратило негативен сигнал дека не се подготвени да ги нормализираат односите и да одат по европски пат.

„Сите знаат што очекуваме од средбата, сите знаат каде стоиме“,

додава Лајчак.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Лашкоска: Со Алијанса во Влада нема да се промени ништо, само за кратко се продолжува мандатот на Ковачевски

Следно

Повеќе од 330 животински видови во светот се затруени со неуништливи хемикалии

Latest from Blog

Мис Универзум Мексико ќе оди на суд- ја тужи организаторот на натпреварот (ВИДЕО)

Целата драма кулминираше со судска постапка по неколку недели јавни обвинувања. Како сè започна Раздорот започна на 4 ноември, кога Ицарагрисил јавно ја критикуваше мексиканската претставничка за наводно одбивање да учествува во

ВИТАМИНСКА БОМБА ЗА АНЕМИЈА

Чувство на постојан умор, бледа кожа, забрзано чукање на срцето и недостиг на здив – можеби мислевте дека е само последица на стрес и современиот начин на живот. Но што ако станува

ФОТО: Прогласена бојата за 2026 – Нов тренд во модата и ентериерот

Институтот за бои Пантон традиционално, како и секоја година, ја избира бојата за претстојната 2026 година и веќе ја гледаме насекаде околу нас. Доловувањето на културниот дух и трендовите за претстојната година
Go toTop