Лашкоска: Со Алијанса во Влада нема да се промени ништо, само за кратко се продолжува мандатот на Ковачевски

February 23, 2023
1 min read

После овој ваш говор впечатокот е дека авторитет нема да стекнете, заради тоа што и кога предлагате ваша Влада не собравте храброст да одржите еден државнички говор. За жал. Го читавте она што ви го напишале на Бихаќка и вечерва бевте како портпарол на СДСМ од говорница на партија, на премиерот Димитар Ковачевски му порача пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашковска на денешната собраниска седница за избор на нови министри.

Таа исто така му посочи дека со претходната точка од седницата која беше за разрешување на министри само се потврди тоа што во изминатите дена ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија го зборува, а тоа е дека владата ќе биде “Влада купи ден помини“.

Лашковска додаде дека ќе продолжи нефункционирањето на Собранието и следствено на тоа и нефункционирање на сите други институции.

„Крајот на претходната точка од оваа седница, разрешување на министри само го потврди тоа што во изминатите десет дена како опозиција го говоревме. Слободно од денес па до крајот на функционирањето на оваа Влада таа треба да се именува „Влада купи ден помини“. Ќе продолжи нефункционирањето на Парламентот, следствено на тоа ќе продолжи нефункционирањето и на сите институции во државата, односно ќе продолжи тортурата врз државата. Имено, со влегувањето на Алијанса на Албанците во владата нема да се промени ништо. Парламентарното мнозинство останува толкаво колкаво што беше и додека Алтернатива беше во влада, се ќе биде исто како до сега“, истакна Лашкоска.

Таа додаде дека со оваа реконструкција на влада само за кратко премиерот Ковачевски си го продолжи седењето на премиерското столче.

„Со оваа реконструкција Димитар Ковачевски само за кратко си го продолжи седењето на премиерското столче и овозможува да се дореализираат криминалите кои власта веќе одамна ги има отпочнато. Како што кажа досегашниот министер за правда Тупанчевски, Ковачевски на Пазар 3 кој се одвивал во просториите на Илинденска, ги испазарил минерстствата за правда, здравство, администрација, заменичките министерски места за земјоделие и одбрана“, посочи меѓу другото Лашкоска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина: Испраќањето оружје во Украина нема да донесе мир

Следно

Борел: Дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите е во клучна фаза

Latest from Blog

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БУГАРИЈА непосредно пред влезот во еврозоната на 1 јануари 2026

Бугарија се соочува со својата најтурбулентна недела во последниве години, бидејќи повеќе десетици илјади демонстранти, а по некои протести бројката достигнала 150.000, синоќа повторно ги исполнија улиците на Софија и повеќе од

САД гласаа против резолуцијата на ОН за Чернобил

Соединетите Американски Држави неочекувано гласаа вчера на Генералното собрание на ОН против резолуцијата за долгорочните последици од катастрофата во Чернобил. Овој потег го усогласува Вашингтон со Русија, Белорусија, Кина, Северна Кореја, Никарагва

Чорба од спанаќ и тиквици

Многу вкусна чорба, лесна и брза за подготовка Состојки: 1 праз, ситно исецкан 1 голем компир, исечен на коцки 2 средни тиквички исечени на коцки 200 грама свеж спанаќ 3 чаши зеленчукова

Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. – Добро е кога на крајот
Go toTop