Бојкот на маркети и производи низ Балканот

January 31, 2025
1 min read

Бојкот на продавниците и трговијата ширум земјите од поранешна Југославија. Граѓаните во борба со високите цени. Иницијативата која почна во Хрватска, за брзо време се прелеа и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија.

Хрватската платформа „Ало инспекторе“ ги повика граѓаните воопшто да не пазарат – да се бојкотираат и платежните трансакции, угостителските услуги, сместувањето, превозот, доставата. Одзивот е голем, а супермаркетите и продавниците ширум земјата, од утрово празни.

„Не одам во продавница, го поддржувам бојкотот. Се надевам дека ќе успее бидејќи на граѓаните им дојде преку глава.“

„Нормално дека го поддржувам бојкотот. Не може цело време да не крадат. “

„Ова повеќе не може да се издржи.“

Празни маркети и трговски центри и во Црна Гора. Невладините организации повикаа на блокада на сите големи продавници, без исклучок, и порачаа дека тоа нема врска со политика, туку дека високите цени подеднакво ги погодуваат сите граѓани.

„Сакаме да испратиме една опомена и порака до сопствениците на маркетите, до луѓето кои веќе со години наназад не крадат, дека Црна Гора може да биде обединета и дека гласот на обичниот граѓанин конечно мора да се слушне.“ – Зарија Павичевиќ претседател на Алтернатива Црна Гора.

За разлика од Хрватска и Црна Гора, послаб одзив има во Босна и Херцеговина. Освен за продавниците, повикот за бојкот се однесуваше и на пекарите, бензински пумпи и угостителски објекти нио според босанските медиуми, продавниците во поголемите градови работеле вообичаено. Сепак и малиот одзив ја принуди владата веќе во понеделник да се сретне со трговците и да раазговара за намалување на цените.

Бојкот на трговијата има и во соседна Србија. Граѓаните реагираат и прашуваат, како е можно домашните производи да се поскапи во Србија отколку во соседните земји.

„Имаме највисоки цени, а пазарот е далеку од регулиран како во Словенија. Ова не е фер за земја со шест и пол до седум милиони жители. Мора да се бориме на овој начин, бидејќи немаме други средства освен бојкот.“ – Јован Ристиќ.

Минатиот петок, во Хрватска се случи првиот еднодневен бојкот на продавниците поради високите цени, поддржан од здруженијата на потрошувачи, синдикатите и дел од политичките партии. Според податоците на даночната управа, бројот на издадени фактури во малопродажбата бил за 44% помал од претходната недела, а износот на фактурата е намален за дури 53%. Во трговијата на мало била продадена роба во вредност од 28 милиони евра.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студентите на УКИМ се соочуваат со дополнителни 6000 денари годишно за „материјални трошоци“

Следно

Кривичен ја објави пресудата за претходното кривично дело на Јованов кој што ја прегази Фросина

Latest from Blog

Димитровски: Битола добива нова инфраструктура и модерни спортски капацитети

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна

Проданоски: Херојството од „Диво Насеље“ никогаш нема да биде заборавено

Со длабока почит денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Ненад Серафимоски, најмладиот припадник на специјалната антитерористичка единица „Тигри“, кој на 9 мај 2015 година го загуби животот во настаните кај

Средношколец од Прилеп 4 години лажно се претставувал како наставник

Прилепската полиција поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“. Пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик во

Исто како и лани: Ал-Келаифи повторно ќе води 500 вработени во ПСЖ на финалето во ЛШ!

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, уште еднаш ја демонстрираше својата дарежливост со гест достоен за восхит. Тој одлучи да ја повтори својата иницијатива од минатата година и да награди
Go toTop