Блинкен во посета на Израел како дел од напорите за постигнување прекин на огнот во Газа

March 22, 2024
1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Израел, како дел од интензивните дипломатски напори за време на турнејата низ регионот на Блискиот Исток за да се постигне „траен и моментален прекин на огнот“ во Газа и да се одврати израелската офанзива во Рафа.

Блинкен треба да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху и со воениот кабинет на Израел, соопшти Стејт департментот.

Се очекува највисокиот американски дипломат да изврши нов притисок врз Израел да ја откаже  офанзивата на Рафа и да укаже на итната потреба да се достави поголема хуманитарна помош за населението во Појасот Газа.

„Нашиот став, кој е многу јасен, е дека голема воена операција во Рафа би била грешка, нешто што ние не го поддржуваме“, изјави вчера Блинкен, пренесе Си-Ен-Ен.

Ова е шеста посета на Блинкен на регионот на Блискиот Исток од почетокот на војната во Појасот Газа, а се одвива паралелно со разговорите што се водат во Катар за пауза во борбите во Газа и ослободување на заложниците.

Советот на безбедност на ОН денеска ќе гласа за американската нацрт-резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските безбедносни сили неутрализираа четворица терористи на ПКК во Северен Ирак

Следно

Со нож убиен доктор пред поликлиниката во скопска Железара

Latest from Blog

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа

Тоневски: Нашите рудари се симбол на трудот, истрајноста и посветеноста

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски,
Go toTop