Блинкен побара итно ослободување на новинарот на „Волстрит журнал“, Лавров бара случајот да не се политизира

April 2, 2023
1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во телефонски разговор  со рускиот колега Сергеј Лавров, организиран на негово барање, повикал на итно ослободување на американскиот новинар Еван Гершкович, кој неделава беше уапсен во рускиот град Екаринбург под сомнение за шпионажа, на што Лавров одговорил дека е неприфатливо случајот да се политизира.

Блинкен ја изрази големата загриженост на САД за руското неприфатливо апсење на американскиот новинар Гершкович, рече портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

„Државниот секретар на САД повика на негово итно ослободување“ и истовремено побара и ослободување на уште еден Американец, Пол Вилан, рече Пател.

Шефот на руската дипломатија му возвратил на Блинкен дека е неприфатливо Вашингтон да го политизира случајот со новинарот на Волстрит журнал, кој е обвинет за шпионажа во Русија.

Руското МНР соопшти дека Лавров во телефонски разговор му рекол на Блинкен дека судбината на Гершкович ќе ја одреди судот.

Тој го повтори тврдењето на руските власти, кои јавно не презентираа никакви докази, дека новинарот бил фатен „на дело“.

„На Блинкен бниманието му било свртено и за потребата да се почитуваат одлуките на руските власти, донесени во согласност со законот и меѓународните обврски на Руската Федерација“, соопшти руското Министерство.

„Неприфатливо е“ додал Лавров, „ официјалните лица во Вашингтон и западните медиуми да креваат бура за овој случај со јасна намера да му дадат политичка боја.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во четвртокот соопшти дека го уапсила Гершкович, обвинувајќи го дека собирал информации за руска одбранбена компанија која се сметала за државна тајна.

Волстрит журнал категорично негираше дека Гершкович шпионирал, а Белата куќа обвинението за шпионажа, кое предвидува затворска казна до 20 години, го нарече „смешно“. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Први излезни анкети од Бугарија: Тесна трка меѓу коалициите на Петков и Борисов

Следно

Дури 48,3 отсто од Бугарите поддржуваат коалиција меѓу Петков и Борисов

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop