Black Friday: Пазарен инспекторат „лови“ лажни попусти

November 29, 2024
1 min read

Нечесните трговци кои ги изигруваат купувачите со лажи попусти се еден чекор пред институциите и добро знаат како да го изиграат законите, вели претседателката на Организација на потрошувачи Маријана Лончар Велкова. Таа додава дека има добра законска основа да се ловат овие нечесни трговци, но дека тоа може да го направат само државните институции, пред се Државниот пазарен инспекторат. Вели и дека може да се открие кој трговец вештачки ја има зголемено цената, па потоа преку лажен попуст да го продава производот по редовната цена, односно да нема никаков реален попуст.

„Во таков случај, тогаш ќе настапат државните пазарни инспектори кои што прават контрола на тие видови на попусти, на акциска продажба, дали означиле добро, дали не означиле, дали намерно е покачена цената претходно, а била пониска, кои се причините и зошто сега таа цена, оној 30 дневен период се зема во предвид, а всушност во тој период се покачува цената, после се намалува. Тоа веќе е нечесно пазарно однесување кон потрошувачот…“, вели Маријана Лончар Велкова.

Од Државниот пазарен инспекторат за ТВ21 велат:

„Трговецот мора да се придржува до Законот за заштита на потрошувачите, односно кога ја намалува цената, мора да се води од најниската цена на производот во последните 30 дена и врз основа на најниската цена да го одреди попустот. За таа цел субјектите се задолжени да водат евиденција на цените, а пазарниот инспекторат при контролите ја проверува оваа евиденција и утврдува дали попустите се реални или не“, велат од ДПИ.

Лончар Велкова вели дека Инспекторатот може и да открие колку била редовната цена на производот и пред 30 дена, односно ако се обидел трговецот и пред тоа да ја зголемува цената, за да може потоа да ја продаде по редовна цена, без вистински попуст.

Предупредува дека граѓаните тешко може да се жалат на ваква пракса на трговците, бидејќи треба повеќемесечна документирана истрага. 

Инаку, од Пазарен инспекторат најавија дека заради моменталната ситуација и најавите за Блек Фрајдеј акции, овој викенд инспекторите ќе бидат активни на терен низ цела Македонија и ќе проверува дали трговците постапиле во согласност со Законот за заштита на потрошувачи.

Лончар Велкова пак предупреди дека граѓаните се апсолутно незаштитени при онлајн измами за наведени попусти, но и за квалитетот на рекламираната роба.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Притвор за три лица осомничени за предизвикување национална омраза

Следно

Петрушевска: Посакуваме час поскоро стабилна Влада во Бугарија со која ќе може да разговараме за придвижување на европската интеграција

Latest from Blog

Општина Битола организира втор граѓански форум за плоштадот „Гоце Делчев

Општина Битола ќе го организира вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој ќе бидат презентирани предлог-идеите за идниот изглед и уредување на овој значаен јавен простор. Форумот

Меси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!

Фото: ФИФА Х Лионел Меси постигна хет-трик за прв пат во историјата на Светските првенства една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светските првенства, Меси ги постигна

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката

Килијан е ЧУДО: Мбапе го урна рекордот на Жиру, сега е блиску и до оној на Клосе!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Ѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го престигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Ова стана факт откако напаѓачот постигна два гола во натпреварот од првото коло
Go toTop