Билансот на цивилни жртви во Газа се приближува до 42.000 на годишнината од геноцидната војна на Израел

October 7, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Уште најмалку 39 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, со што билансот на цивилните жртви достигна 41.909 откако Тел Авив ја започна својата геноцидна војна минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се додава дека околу 97.303 лица се повредени во геноцидот.

„Израелските сили убија 39 луѓе и повредија 137 во четири масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Израел продолжи со својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со која се повикува на итен прекин на огнот.

Израелскиот напад го расели речиси целото население на територијата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвинувања за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Планираме да бидеме центар на патните, енергетските и железничките коридори во регионот

Следно

Донарума: Критиките не ме засегаат

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop