БиХ ќе го апси, а Додик слави роденден во палатата на Република Српска

March 12, 2025
1 min read

Претседателот на Република Српска денеска со најблиските соработници го прославува својот роденден во Палатата на Република Српска. Истовремено, голем број полициски специјалци се пред Палатата на Република Српска во Бања Лука, додека вообичаеното обезбедување е присутно пред Народното собрание.

Инаку, за денеска во Народното собрание се закажани две седници. Единствена точка на дневен ред на првата седница е Предлог одлука за пристапување кон донесување на нов устав на Република Српска.

Веднаш по завршувањето на 19-та вонредна седница, веднаш е закажана 20-та вонредна седница, за која беа предложени две точки на дневен ред – Предлог Уставот на Република Српска и Предлог-закон за заштита на уставниот поредок на Република Српска.

За потсетување, Обвинителството на Босна и Херцеговина побара од полициските агенции во таа земја да ги доведат на сослушување Додик и уште двајца највисоки функционери на Република Српска кои одбија доброволно да одговорат на поканата на обвинителството.

Додик, како и премиерот на Република Српска (РС) Радован Вишковиќ и претседателот на Националното собрание на ентитетот Ненад Стевандиќ, се под истрага поради сомнение дека сториле кривично дело обид за уривање на уставниот поредок на БиХ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителството на БиХ издаде налог за приведување на Додик, премиерот на РС, Вишковиќ и претседателот на Парламентот Стевандиќ

Следно

Мицкоски: Со изгласаните интерпелации, членовите на Судскиот совет повеќе немаат никаков кредибилитет да продолжат со работа

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop