Без уставни измени нема почеток на преговори – дали ќе има други услови од други земји, никој не знае!

December 24, 2023
1 min read

реклама


Ја поддржуваме Северна Македонија во нејзиното барање и определба да биде полноправна членка на Европската Унија, уверува шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија во неделното интервју за РСЕ.

Сепак, тој не ја исклучува можноста во процесот на преговори може да се отворат и други барања од други земји членки, дури и доколку бидат усвоени уставните измени, од кои зависи одржувањето на Втората меѓувладина конференција.

реклама

Не сакам да пратам песимистичка порака, напротив. Она што ние го кажуваме, но и другите ЕУ инстанци, од земјите членки е дека кога сте во процесот, за да се свика Втората меѓувладина конференција, треба да го исполните тој услов, односно да се усвојат уставните измени и тогаш работите ќе добијат друга насока. Можеби ќе има други услови и барања од други земји, но на крајот работите ќе добијат друга димензија и важност. Што ќе значи ова? Дали ова ќе биде последна пречка? Можеби ќе има многу други пречки“, вели Хозе Луис Лозано Гарсија.

На слична линија е и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој вели дека може да се појави некоја друга земја со некаков банален услов, но додава во случајот со Бугарија, историјата никогаш нема да биде услов во преговорите и отворањето на кластерите.

реклама

„Вардар е нечист, Македонија не е спремна и ќе не блокираат. Идејата е дали имаат право да не блокираат за тоа. Дали е точка во агендата на ЕУ. Историјата нема да биде точка во ниту едно поглавје како агенда“, порача Бујар Османи.

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел пред неколку дена изјави дека уставните измени не се единствениот услов за Македонија, туку и Договорот за добрососедство и двата Протокола. Како што вели таа, има три заемно сврзани инструменти, кои се дел од таканаречниот компромис од јули 2022 година.

реклама

Но, Османи дека тоа не е точни и порачува прашајте ја Габриел како тоа нивното барање на Самитот на ЕУ на 15 декември во Брисел да стојат протоколите во заклучокот на Европската Унија за Северна Македонија некако преку ноќ исчезнаа и ги немаше во финалната верзија. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Египет предложи договор за ставање крај на војната во Газа

Следно

Неколку илјади луѓе на собирот за поддршка на Газа во Анкара: „Израел е убиец“

Latest from Blog

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје

По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христјан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва излегоа

Собослаи ќе добие нов договор во Ливерпул и ќе биде нов капитен

фото: LFC (X) Доминик Собослај е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул од почетокот на сеозната, па клупското раководство веќе размислува да му понуди нов договор. Капитенот на унгарската репрезентација наскоро ќе

Ѓорѓиевски: За 72 часа ќе видиме резултати од големата акција во Скопје

Започна големата акција за чистење на главниот град, со која во следните 72 часа се очекува Скопје да добие нов, почист и поуреден изглед. Ангажирани се екипи од јавните претпријатија, механизација, камиони

САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Французин открил богатство вредно речиси 700.000 евра додека копал базен во својата градина, а властите му дозволиле да остена кај него бидејќи оцениле дека е легално стекнато. Тој пронашол „5 златни прачки
Go toTop