Бетовен: Убило ме вино евтино

May 7, 2024
1 min read

Претходно постоеше една анализа за смртта на Бетовен кој почина на 56 годишна ворзаст но подоцна се утврди дека таа се потпира на погрешен примерок коса кој всушност ѝ припаѓал на некоја жена. 

Овојпат истражувачите дошле до два автентични прамени коса на музичкиот гениј. Тестирањето покажало високи нивоа на арсен и жива, но на олово – особено.

Едниот прамен имал 380 микрограми олово на грам коса, а другиот 258 микрограми – неверојатна количина, ако се земе предвид нормалното ниво за коса кое изнесува помалку од 4 микрограми.

„Ова се највисоките вредности што некогаш сум ги видел“, вели д-р Пол Џането, директор на лабораторија во клиниката Мајо.

Од каде толку олово? Од омилениот пијалок на Бетовен, евтиното вино (бело, ризлинг), од кое пиел по минимум едно шише дневно, но често и многу повеќе.

Иронично, Бетовен верувал дека виното е добро за неговото здравје. Но, во тоа време во евтиното вино бил додаван „оловен шеќер“ (олово ацетат) за да се заслади вкусот пред да се ферментира во котлиња залемени со олово.

Оловото тогаш го имало и во многу масти и лекови од тој период. Бетовен во еден момент земал 75 лекови обидувајќи се да се справи со абдоминалната болка, дијареата и прогресивното губење на слухот, сите симптоми на труење со олово.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Инфлацијата во април повисока во однос на март

Следно

Златната топка на Марадона од 1986 ќе се продава на аукција

Latest from Blog

Потвредено обвинението против осомничените за убиството на Данка Илиќ, се бара доживотен затвор

Вишиот суд во Зајечар го потврди обвинението против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, пренесува Индекс. Судот донесе решение со кое го потврди обвинението, кое

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во новото раководство на СДСМ има само верни слуги на Заев

ВМРО-ДПМНЕ со критика за новата структура на раководството на СДСМ. Според нив изборот на новите потпретседатели и функционери во СДСМ е само продолжување на политиката на поранешниот премиер Зоран Заев. Извор: 24vesti.mk

Турскиот претседател Ердоган во Анкара го пречека султанот на Оман, Ал Саид

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес со официјална церемонија го пречека султанот на Оман, Хајтам бин Тарик ал Саид, во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара, јавува Анадолу. Посетата
Go toTop