Инфлацијата во април повисока во однос на март

1 min read

Индексот на трошоците за живот во април во Северна Македонија е повисок за 0,7 проценти во однос на март, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска, Државниот завод за статистика.

„Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти. Намалување на трошоците на животот пак е забележано во категориите – мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти, како и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти“, наведуваат од Државната агенција за статистика.

Едно е познато дека, до крајот на јуни лебот нема да поскапи, велат од Агробизнис комората. Иако житото поскапе на светските берзи, сега цената на лебот и другите тесто нема да се менува, велат пекарите.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент. Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти, стои во извештајот на Државниот завод за статистика.

Покрај трошоците за живот, податоците на државниот завод за статисти покажуваат и дека цените на угостителските објекти во април во споредба со март се зголемени за 2,5 проценти, а во однос на истиот период лани, забележано е зголемување од 5,9 процентни поени.

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

Претходно

Над 2.000 набљудувачи и 83 странски новинари ќе ги следат утрешните избори

Следно

Бетовен: Убило ме вино евтино

Latest from Blog