Бериша бара техничка влада пред изборите, за социјалистите неоснована политичка желба

December 6, 2024
1 min read

Претседателот на Демократската партија, Сали Бериша изјави дека опозицијата инсистира на формирање техничка влада, која ќе спроведе слободни избори, додавајќи дека „во 2025 година е наш ред да победиме“.

Бериша во телевизиско интервју рече дека опозицијата нема да ги бојкотира парламентарните избори и оти ќе направи се за да го отстрани Еди Рама од власт.

Од друга страна социјалистите сметаат нема причина за формирање техничка влада, а ова барање на опозицијата го оценува како „неоснована политичка желба“.

-Технички влади се формираат само кога земјата се соочува со големи кризи. Ова е политичка желба која не се заснова на политичка реалност, закон или политичка традиција, рече меѓу другото Дамиан Ѓикнури, коментирајќи го барањето на опозицијата.

Парламентарните избори, 11-ти по ред, по падот на тоталитарниот режим ќе се одржат на 11 мај следната година, датум кој со уредба вчера го одреди шефот на државата Бајрам Бегај.
По последните три изборни циклуси, од 2013 година наваму, победник на изборите се социјалистите. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Австралискиот премиер го осуди подметнувањето пожар во синагогата во Мелбурн

Следно

Лефков: Филипче не се откажува од Заев, ниту корупцијата и политичките унапредувања во судството и обвинителството од него, а констатирани од меѓународните партнери

Latest from Blog

Антонели казнет за судирот со Верстапен

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, беше казнет со три места на стартната линија во Силверстоун поради судирот со Макс Верстапен денес. Италијанскиот пилот на Мерцедес го удри Макс во првиот круг

Илјадници луѓе протестираат пред Палатата на правдата во Белград

Протест се одржува доцна попладнево во Белград пред Високото јавно обвинителство (ВЈТ) поради апсење студенти. Сообраќајот е блокиран и во близина на Автокоманда, и населбите Земун и Вождовац и попречено е одвивањето

Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со Борусија Дортмунд

Крилниот напаѓач Џејми Бејну-Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со сегашниот клуб Борусија Дортмунд. Бундеслигашот ја потврди веста од нивниот камп во Флорида. Тој ќе им се

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката
Go toTop