Бен-Гвир го предупреди Нетанјаху: „Непромислен договор“ со Хамас може да доведе до распад на коалицијата

January 30, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, изјави дека „непромислен договор“ со Хамас за размена на заробеници ќе доведе до распад на коалициската влада предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, јавува Анадолу.

Бен-Гвир, кој е познат по своето непријателство кон Палестина и кој вршеше притисок врз Нетанјаху да продолжи со нападите врз Газа, му се закани на израелскиот премиер со повторен распад на коалицијата.

Бен-Гвир се огласи на платформата на социјални медиуми Х во врска со новиот договор за размена на заробеници со Хамас, и наведе: „Непромислен договор = рушење на владата“.

Екстремниот десничар Бен-Гвир во повеќе наврати се закануваше дека ќе ја напушти коалициската влада предводена од Нетанјаху доколку не се преземат никакви чекори за исполнување на неговите барања од почетокот на офанзивата во Газа на 7 октомври.

Во својот говор на редовниот неделен состанок на неговата партија минатата недела, Бен-Гвир рече дека ќе ја напушти коалициската влада предводена од Нетанјаху доколку нападите врз Газа бидат сопрени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Родителите на Коста одбиваат вина, мајката на убиената Ема со солзи: „Го учевте детето да пука во глава“!

Следно

Спектакуларни снимки од дрон ги прикажуваат убавините на снежната долина Мунзур во Туркије

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop