Белгија сепак ќе учествува на Евросонгот 2026 во Виена

December 6, 2025
1 min read

Со ова се стави крај на дилемата околу учеството на Белгија на Евросонгот по одлуката на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) во четвртокот да му дозволи на Израел да учествува на натпреварот.

Веднаш по ваквата одлука на ЕБУ, Ирска, Словенија, Холандија и Шпанија објавија дека нема да учествуват на натпреварот, додека Белгија, Исланд и Португалија најавија дека ќе решаваат за своето учество во „наредните денови“.

Откажувајќи го учеството на Евросонгот, холандскиот јавен радиодифузен сервис НПО соопшти дека „учеството под сегашните околности е некомпатибилно со јавните вредности што се од суштинско значење за нас“.

Од друга страна, пред гласањето во ЕБУ за израелското учество, Германија се закани дека ќе се повлече од Евросонгот во Виена, доколку на Израел не му биде дозволено да учествува на натпреварот.

Потврдувајќи го учеството на Белгија на Евросонгот, РТБФ соопшти дека на состанокот со ЕБУ било побарано од европскиот радиодифузер да изврши притисок врз Израел за да обезбеди меѓународните медиуми да можат независно да известуваат за ситуацијата во Газа.

– Неопходно и итно е да се гарантира безбеден пристап за новинарите до Газа, исто како што е потребно да се поддржи воспоставувањето независен палестински медиум и да се продолжи со поддршката на независноста и автономијата на израелскиот јавен радиодифузер, се наведува во РТБФ.

Вториот белгиски јавен радиодифузен сервис ВРТ, пак, соопшти дека и покрај притисоците, ќе го пренесува Евросонгот.

Белгија има два радиодифузен сервис – Белгиска радио-телевизија на Франкофонската Заедница (РТБФ) и Фламанска радио-телевизија (ВРТ). Двата сервиса се полноправни членки на ЕБУ, со што имаат право да учествуваат на Евросонгот. Но, бидејќи правилата на натпреварот дозволуваат само по еден учесник од секоја земја, двата белгиски сервиси наизменично ја претставуваат Белгија на Евровизија и тоа ВРТ во непарните, РТБФ во парните години.

По најавата на РТБФ се огласи синдикалната организација на Конфедерацијата на христијанските синдикати при ВРТ (АЦВ-ВРТ), со барање телевизијата да не емитува пренос од Евросонгот.

– АЦВ-ВРТ е длабоко загрижена поради хуманитарната ситуација во Појасот Газа и на Западниот Брег, каде актуелните бомбардирања, блокадите и строгите ограничувања на основните услуги, првенствено влијаат врз цивилното население. Не можеме и не смееме да го игнорираме ова страдање на луѓето. Поради ова, АЦВ-ВРТ бара од ВРТ да го откаже емитувањето на евровизискиот натпревар сè додека трае оваа хуманитарна криза, се додава во соопштението на синдикатот.

Синдикалната организација посочува дека јавниот радиодифузен сервис има „не само забавна мисија, туку и општествена одговорност“.

– Кога милиони луѓе гледаат, уште поважно е да им се обезбеди точен контекст и увид, наведе АВЦ-ВРТ, додавајќи дека нивното барање претставува „повик за храбро, транспарентно и независно новинарство“.

Во целата приказна се вклучија и неколку партии кои побараа Белгија да се повлече од Евросоногот, откако беше потврдено учеството на Израел. Вакви повици упатија бинационалната екстремно левичарска Работничка партија на Белгија (ПТБ/ПВДА), двете еколошки партии фламанската Зелени и валонската Еколо и десноцентристичката Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ). Фламанската социјалдемократска партија Напред (Вуројт), пак, оцени дека „ќе биде подобро ВРТ да не го емитува“ Евросонгот. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сарагоса прогласен за најпристапен град за лицата со попреченост за 2026 година

Следно

Комерцијална банка и Макпетрол со најголем неделен промет, МБИ10 со благ раст

Latest from Blog

Средба на министерката Сања Божиновска со амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гулфојл: Повеќе инвестиции во енергетиката

Во рамките на престојот во Атина по повод учеството на дводневниот самит „Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe“, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорката на

Меџити: Ветувањето го исполнивме – коцкањето повеќе нема да биде над законите

Изет Меџити преку видео-обраќање на социјалните мрежи го поздрави донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа, оценувајќи дека со него започнува, како што рече, „правната борба против коцката и комарот“. Копретседателот

СЗО ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА НА ЕБОЛА во Конго и Уганда

Светската здравствена организација (СЗО) денес ја прогласи епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и Уганда за „јавноздравствена вонредна состојба од меѓународен интерес“, пренесува Би-Би-Си. СЗО соопшти дека епидемијата, предизвикана од вирусот

(ВИДЕО) Меџити најави нов удар по коцката и комарот: „Казината се затвораат, следни се брзите кредити

Изет Меџити преку видео-обраќање на социјалните мрежи го поздрави донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа, оценувајќи дека со него започнува, како што рече, „правната борба против коцката и комарот“. Копретседателот
Go toTop