Сарагоса прогласен за најпристапен град за лицата со попреченост за 2026 година

December 6, 2025
1 min read

Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија.

Во образложението на првата награда се наведува дека Сарагоса прави извонредни напори за да обезбеди пристап заснован на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост.

– Неговата инфраструктура за пристапност е составена од сеопфатни општински правила за пристапност, јасен стратешки план со цели, временски рокови и буџет, како и силно управување преку посебна Канцеларија за пристапност и формален Одбор за пристапност, се додава во образложението.

Дополнително е проценето дека Сарагоса е лидер во обезбедувањето целосно учество на лицата со попреченост во општеството, со пристапен јавен превоз, јавни простори и дигитални услуги.

– Има целосно достапна трамвајска мрежа, широки пешачки патеки без скали, инклузивни банкарски и шопинг иницијативи, а сертифицираните пристапни веб-страници и апликации значително придонесоа за да се направи Сарагоса подостапна и инклузивна за лицата со попреченост, се наведува во образложението.

Покрај ова, се нагласува и значењето на проектот „Флумен“, кој обезбедуваат инклузивни и пристапни домови што им овозможуваат самостоен живот и социјална инклузија на лицата со попреченост.

Втората награда и е дводелна на Валенсија поради „пристап кон пристапноста базиран на податоци“, што се протега низ целиот град.

– Градот постигна примерен транспорт и урбан пристап, пријавувајќи 96 отсто урбана пристапност и целосно достапна мрежа на автобуси и метро. Лицата со попреченост се вработени како валидатори на пристапноста, а организациите систематски тестираат решенија пред лансирањето, се наведува во образложението.

Францускиот Рен ја освои третата награда за значителен напредок постигнат во пристапноста, благодарение на тесната координација меѓу општинските служби.

– Метрото и автобусите се целосно пристапни, поддржани од возила од врата до врата и апликации за патување без скали. Улиците се надградени со пошироки тротоари, побезбедни премини, тактилни ленти, клупи и пристапни тоалети, додека културните центри, како „Же де Пом“ и градското уметничко училиште, имаат рампи, лифтови и адаптирани тоалети. Дури 68 отсто од општинските локации се пристапни, а планираната Агенда за пристапност ќе ги усогласи сите јавни приемни објекти до 2027 година, се потенцира во образложението на наградата.

Покрај овие три града овогодишни финалисти за освојување на награди беа и италијанскиот град Пјаченца и австрискиот Салцбург.

Според податоците на Евростат, во ЕУ живеат над 90 милиони лица со попреченост, поради што обезбедувањето на физички и дигитални пристапни простори кон клучен прв чекор кон постигнување еднаквост.

Наградата Пристапен град за лицата со попреченост се доделува од 2010 година со цел да им се оддаде признание на градовите кои како свој приоритет ја поставуваат пристапноста. Наградата се доделува како дел од одбележувањето на Европскиот ден на лицата со попреченост и таа е вклучена во Стратегијата за правата на лицата со попреченост 2021-2030 година, која има за цел да изгради „Европа без бариери“. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија: Брод со 137 патници удри во мост, нема повредени

Следно

Белгија сепак ќе учествува на Евросонгот 2026 во Виена

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop