Белата куќа потврди дека Украина „ефикасно ја користи касетната муниција“

July 20, 2023
1 min read

Кирби рече дека претпоставува оти Украина почнала да ги користи касетните бомби изминатата недела и оти всушност веќе имаат влијание врз руските формации

Џон Кирби / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Украинските сили „соодветно“ и „ефикасно“ ја користат касетната муниција против Русија, а која им ја обезбедија САД, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, потврдувајќи дека Украина почнала да го користи ова оружје.

„Тие (касетната муниција) ја користат соодветно. Ја користат ефикасно и всушност имаат влијание врз одбранбените формации на Русија и нејзините одбранбени маневри“,

им рече Кирби на новинарите, пренесе „Си-ен-ен“.

Прашан кога почнала Украина да ја користи касетната муниција, тој одговори дека претпоставува дека тоа се случило во последната недела.

Официјалната потврда од Кирби следува откако претходно неколку американски медиуми објавија дека Украина почнала да ја користи касетната муниција.

За потсетување, САД на 8 јули објави дека ќе испратат од ова контроверзно оружје во Украина, а една недела по објавата тоа и беше испорачано. Касетната муниција позната и како касетни бомби се очекува да им овозможат на украинските сили да таргетираат поголеми мети меѓу руските сили, а притоа да користат помалку истрели.

Оваа муниција претставува канистер кој во себе носи десетици до стотици мали бомби, наречени подмуниција. Канистрите можат да бидат исфрлени од авион, испалени во проектил или од артилерија, бродски топови и ракетни фрлачи.

Кога канистерот ќе ја достигне програмираната височина или локација, тој се отвора и од него излетуваат малите бомби. Тие, пак, зависно од видот, експлодираат при контакт со тлото или, пак, се темпирани, со одбројување. При експлозијата, секоја мала бомба исфрла огромен број шрапнели во сите правци. Целта на касетната муниција, вообичаено, е да онеспособи пешадиски единици или тенкови.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ново невреме му се заканува на регионот

Следно

МЖ – транспорт од 1 јули укина 10 железнички стојалишта

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop