Белата куќа: Џо Бајден го поддржува синот Хантер кој се изјасни за виновен за нелегално поседување оружје и даночни малверзации

June 20, 2023
1 min read

Според обвиненијата, Бајден не поднел даноци за заработка од повеќе од 1,5 милиони долари за 2017 и 2018 година. Во двете години, тој должел повеќе од 100 000 долари за данок на доход

Синот на претседателот Џо Бајден, Хантер Бајден, се изјасни за виновен за затајување на федералниот данок на доход и призна дека нелегално поседувал пиштол додека бил корисник на дрога, соопшти обвинителството во Делавер.

Педесет и тригодишниот син на американскиот претседател постигна договор за признавање вина со канцеларијата на обвинителството во неговата родна држава Делавер, но договорот допрва треба да биде одобрен од федерален судија. Малку е веројатно дека Хантер Бајден ќе биде осуден на затворска казна.

Претседателот Бајден и неговата сопруга Џил кратко изјавија дека го поддржуваат својот син Хантер.

„Претседателот и првата дама го сакаат и го поддржуваат својот син“,

рече портпаролот на Белата куќа Иан Самс, додавајќи дека нема дополнителни коментари.

Според обвиненијата, Бајден не поднел даноци за заработка од повеќе од 1,5 милиони долари за 2017 и 2018 година. Во двете години, тој должел повеќе од 100 000 долари за данок на доход.

Секоја точка носи затворска казна до 12 месеци и парична казна од 100 000 долари, или двојно повеќе од приходите од прекршувањето.

Вајс рече дека Хантер Бајден се соочил и со едно обвинение за „поседување огнено оружје од лице зависно од психоактивна контролирана супстанција“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ја имаме првата премиерка која им се извини на невакцинираните

Следно

МВР на Косово: Премините Јариње, Мердаре и Брњак, слободни за сообраќај

Latest from Blog

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.  Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени
Go toTop