Белата куќа би сакала да нема интерес за извештајот за повлекувањето од Авганистан

July 11, 2023
1 min read

Извештајот главно опишува како администрацијата на Бајден не доволно го испланирала военото повлекување од Авганистан и како не успеала да го предвиди хаосот што се случи.

Меѓу хајлајтсите од извештајот кој го подготвува Стејт департментот се:

– Немало доволно разбирање на највисоко ниво за можните најлоши сценарија и колку брзо истите можат да се случат.

– Иако предвидувањата варираат, се до падот на Кабул, најголем дел од процените се дека авганистанската влада и нејзината војска ќе може да го одбрани градот со недели, ако не и месеци.

– Не е јасно кој во Стејт департментот бил одговорен за евакуацијата на невоените лица (НЕО). „Именувањето на одговорниот од 7-от кат за надлежен за надзор на сите елементи од кризниот одговор ќе ја подобреше координацијата меѓу различните линии на делување“.

– Константното менување на насоките за политики и јавните пораки од Вашингтон во врска со тоа која популација се квалификува за релокација и како амбасадата треба да се справи со барањата и приливот додадоа конфузија и често пати не ги земаа предвид клучните факти од теренот.“

Добар дел од извештајот се однесува на фактори кои не се под контрола на Стејт департментот, како договорот на Трамп со Талибанците, недостатокот на релевантни функционери во Стејт департментот потврдени од Сенатот  и распарчениот процес за одлучување за специјалните баратели на имигрантска виза.

Извештајот како препорака бара унапредување на капацитетот на министерството за справување со кризи и назначување на едно лице кое ќе го предводи конкретниот напор, и практикување на повеќе вежби во оваа сфера.

За Џонатан Шроден од ЦНА тинк-тенкот од Вирџинија, целиот извештај „во најдобар случај е блед“.

„Извештајот најголемиот дел од просторот го троши за отфрлање на вината, давање изговори и фалење на целокупниот напор вложен од Стејт департментот за време на повлекувањето и евакуацијата.

Неговиот оптимистички тон и многу скромните препораки за подобрување се остар контраст на сликите што мислам дека најголемиот дел од Американците ги имаат на ум за тоа како заврши американското распоредување во Авганистан,“ порачал Шроден.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски пристигна во Вилнус разочаран затоа што сè уште нема временска рамка за членството на Украина во НАТО

Следно

Песков: „Погрешна е одлуката на Франција за снабдување на Украина со ракети со долг дострел“

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop