БАЛКАН БОРДЕЛ

September 25, 2024
1 min read

Не е лесно да се направи солиден политички трилер, а уште потешко политички трилер со истражувачко новинарство. Најтешко е да се дебитира со политички трилер со истражувачко новинарство чија приказна е на климави нозе и едвај се држи во едно парче. „Бизнисот на задоволството“, дебито на Гоце Цветановски кој е и автор на сценариото, страда од многу почетнички грешки, а климавата приказна и прилично слаба монтажа се најкрупните. (За монтажата никој не е потпишан ни на шпицата, ни на официјалниот сајт на филмот).

Тема на филмот е трговијата со луѓе и високата корупција, а приказната ја носи новинарката Елени (ја игра Слаѓана Вујошевиќ) која го истражува криминалот за да го разоткрие, откако нејзината најдобра другарка ќе падне жртва на трговијата со жени заради проституција. Ќе ѝ помогнат пријателите Јон (Муса Исуфи) и Акил (Исмаил Касуми) и полицаецот Рамадани (Мендим Муртези). По низа перипетии ќе влезат во дувлото на Игор (Дамјан Цветановски), главниот газда во „бизнисот на задоволството“.

Прикаската нагло скока во флеш-бекови, а и неколкуте обиди за паралелна монтажа се доста несинхронизирани, па меѓу другото и тоа го успорува филмот, чиј ритам ионака страда од доста празен од во дејството како и во кадрирањето (тука се истакнуваат непотребните и често погрешни контрапланови).

Цветановски се обидел да раскаже приказна за коруптивната спрега меѓу мафијашите и политичарите, но иако можеби има интересна идеја, реализацијата е бескрајно наивна и невешта. Приказната е само грубо скицирана, па актерите се оставени сами на себе да си ги изградат ликовите, што има распон од драматично преигрување до комично карикирање.

Дека се бори со материјалот да креира лик најмногу се гледа кај Слаѓана Вујошевиќ, на која ова ѝ е прва филмска улога. Вујошевиќ успеала да ја фати таа новинарска ургентност и истражувачка страст кај Елени, ама само тоа не е доволно за да ликот добие и емотивно веродостојна комплексност. Дуото Муса Исуфи како Јон и Исмаил Касуми како Акил понекогаш личат како да играат во два различни филма, Исуфи е воздржан и рамен, а Касуми пречесто се ослонува на комичното карикирање. Којзнае како е напишан ликот на газда Игор, ама Дамјан Цветановски решил да го игра со некаков франкенштајнски микс на налудничавоста на Џокер и садизмот на Френк Бут на Денис Хопер во „Син сомот“ на Дејвид Линч. Па, таа одлука повлекува и преигрување, на кое актерот инсистира, ама не му помага на филмот.

Камерата на Фејми Даут, кому ова му е прв игран филм по документарецот „Медена земја“, креира речиси надреална слика на еден полусвет скриен во мракот и невидлив во светлината на денот, па заедно со продукцискиот дизајн на Дејан Ѓошевски се надополнуваат во создавањето на морничавата визуелна атмосфера на филмот. Таа атмосфера ја следи и драматичната музика на Димитар Андоновски, Зоран Алексиќ и Милан Симовски. Но, поради невешто раскажаната приказна се чини дека камерата, продукцискиот дизајн и музиката се посебен ентитен кој се издвојува и фаќа друг правец од намерата на режисерот.

Марина КОСТОВА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Листа на најсреќни градови во светот – Каков е квалитетот на живот во Скопје?

Следно

До сабота сончево и топло, во недела дожд

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop