Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на „Охридско лето“

July 16, 2023
1 min read

Национална опера и балет со балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва гостува на програмата на „Охридско лето“. Балетската претстава поделена во девет слики ќе биде изведена на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот.

Улогите ги играат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лoчеи (Унгарија), Агим Бафтии и Ендру Кук (Англија).

Музиката за „Госпоѓиците од Авињон“ ја напиша Калиопи Букле, кореограф и режисер е Олга Панго, а либретото и драматургијата се на Сашо Димоски. Костимограф на претставата е Раде Василев, асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова, мултимедија и дизајн на Емил Петров. Дизајнот на светло е на Милчо Александров, а Златица Поповска е задолжена за дизајн на шминката.

Во балетот „Госпоѓиците од Авињон“ се користени сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес со јачина од 7,2 степени ја погоди Алјаска

Следно

За Украина НАТО секогаш значел беља

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop