За Украина НАТО секогаш значел беља

July 16, 2023
1 min read

На самитот во Вилнус оваа недела, лидерите на НАТО порачуваа дека  иднината на Украина е во НАТО. Шупливи зборови. Коминикето на НАТО, објавено подоцна, го потопи секое ветување за членство во море од предуслови.

Водачите на НАТО ќе ѝ упатат покана на Украина за членство во НАТО:
– само по завршувањето на војната;
– само ако „сојузниците се согласат и условите се исполнети“;
– само ако се задоволни со „напредокот на Украина во однос на интероперабилноста“; 
– само ако Украина преземе „демократски и реформи во безбедносниот сектор“.

„НАТО со едната рака упати покана, а со другата ја повлече“, пишува  Тим Блек.

Зеленски тешко може да биде изненаден од дволичноста на НАТО. Алијансата вака ја игра Украина во најголем дел од последните три децении. Постојано ја отвора вратата за Украина и истовремено  постојано ја затвора.

Во коминикето на НАТО се нагласува дека „НАТО не бара конфронтација и не претставува закана за Русија“ – и дека „ќе бара стабилност и предвидливост во евроатлантската област и меѓу НАТО и Русија’. НАТО бара „стабилност и предвидливост“, но останува на американскиот мастерплан за експанзионизам.

„Оваа геополитичка неразумност е производ на непромислената желба на НАТО да се проширува по крајот на Студената војна. Ова го вовлече во конфликти за кои нема ниту волја ниту можност да ги води. И со тоа вовлече нации на кои не може да им се посвети. Заглавен во свет во кој неговото проширување помогна да се дестабилизира, НАТО сега е суштински некохерентен. Украина штотуку ја открива цената“, пишува Блек.

НАТО беше создаден и обликуван од Студената војна. Помеѓу 1955 и 1991 година се приклучи само една нова членка, Шпанија. Крајот на Студената војна целосно го дезориентираше НАТО, лишувајќи го од основните цели и намени па во 1990-тите беше нејасно ребрендирано како промотор на западните „вредности“ и интереси. Од сегашните 31 член, 15 беа додадени после 1991 година.

Иако им беше јасно дека „Украина во НАТО“ ја провоцира и антагонизира Русија, западните лидери постојано флертуваа со таа идеја.

И така 30 години.

Пред руската инвазија, НАТО активно провоцираше војна која не сакаше да води. Сега пак, ѝ помага на Украина да се бори за иднината зад која одбива да застане.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на „Охридско лето“

Следно

Бугарско МНР: Софија нема нови услови за С Македонија, очекува исполнување на веќе договореното

Latest from Blog

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се
Go toTop